Бизнис каталог

Бизнис каталог 2017 / летно издание

Ви го пратставуваме летното издание на Бизнис-каталогот на Република Македонија за 2017 година, која е јубилејна во издавањето на овој единствен и ексклузивен каталог од ваков тип.

Почитувани,

Летното издание на „Бизнис каталог на Р. Македонија“, кој ја обележува третата деценија од издавањето, нуди атрактивни податоци за запознавањето со духовноста на оваа земја што ја прави туристички привлечна, а дадени се и бизнис-содржини што ја отсликуваат Р. Македонија како одлична бизнис-дестинација. Пишуваме за манастирскиот туризам, но и за мултикултурното богатство што се среќава на овие простори. Бизнис-интервјуата на значајните деловни субјекти се втор носечки сегмент на овој проект, а дополнети се и со поглавје за жените менаџери преку репортажата за манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ со традиција од 21 година. Тука е и сижето за тематскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“, исто така, настан на „Марили“, кој му е посветен на современиот животен стил на жената што го организиравме третпат годинава. Првпат се присутни и податоци за МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, кој го промовиравме на крајот на минатата година, а ги обединува жените менаџери од сите наши манифестации.

Уникатноста на проектот доаѓа и од единствените интервјуа на значајни ликови од новинарството, естрадата и од спортот. Каталогот е достапен и во електронска форма на нашата веб-страница www.marili.com.mk. Печатеното ексклузивно издание се дистрибуира во бизнис и во вип-салоните на TAV аеродроми, во амбасадите, хотелите и во широката продажна мрежа каде што е збогатен со подароци за читателите. На вак ов начин агенцијата „ Марили“ и по две децении придонесува за градење на европскиот лик на нашата земја како туристичка и бизнис-дестинација, промовирајќи ја како земја што нуди можност за инвестиции, заемна комуникација на деловните субјекти од земјава, од Европа и од светот.

Со почит,
Лидија Трипуноска
генерален менаџер