Култура

Информација од Н.У Охридско лето

понеделник, 17 јули 2017

Поради временските неприлики невообичаени за овој периот од годината, ниските температури, ветерот и можноста за врнежи од дожд, кои деновиве ја зафатија Македонија, Ве известуваме дека театарската претстава „Име“ на НУ Театар Комедија, Скопје, која беше закажана за утре во 22:30 во Предворјето на црква Св. Софија ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.

Жалиме за временските неприлики кои не само што го зафатија Охрид, туку и поширокиот дел од земјава, а воедно, уште еднаш упатуваме извинување до публиката за настанатата промена со која утрешната претстава „Име“ се префрла во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток од 21:00 часот.
 

Содржината е прочитана 607 пати.