Бизнис вести

Трофеј за најдобро вино од Македонија за „Вранец Special Selection“ на „Тиквеш“

„Трофеј за најдобро црвено вино од Македонија“ на Интернационалниот вински натпревар - IWC, доби виното „Вранец Special Selection“ од бербата 2015-та на винарската визба „Тиквеш“

среда, 12 јули 2017

„Трофеј за најдобро црвено вино од Македонија“ на Интернационалниот вински натпревар - IWC, доби виното „Вранец Special Selection“ од бербата 2015-та на винарската визба „Тиквеш“.

Од ВВ „„Тиквеш“ наведуваат дека вакво признание првпат добива винарница од Македонија, добивањето на вакво престижно признание, е уште една потврда дека „Тиквеш“ е во светскиот клуб на елитни производители на вино.
Добивањето на овој трофеј, покрај за „Тиквеш“, претставува голема чест и привилегија и за целокупната македонска винска индустрија, со оглед на фактот што признание од ваков висок ранг им се доделува на помалку од 1% од сите пријавени вина на овој натпревар.

На свечената церемонија во Лондон, Tрофејот за квалитет му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, од страна на ко-претседателот на IWC и еден од најпознатите светски вински критичари, Тим Аткин.

Исто така, во оваа прилика, Јаневски и членовите на менаџментот на „Тиквеш“ остварија средба и со еден од најпознатите британски и светски вински автори Роберт Овен, попознат во винскиот свет како Оз Кларк. Тоа, како што стои во соопштението, е одлична можност, двајцата познати светски вински критичари, од прва рака да се запознаат со квалитетот и високото реноме на врвните македонски вина кои се резултат на исклучителната посветеност, љубов, вештини и на големото залагање на целокупниот тим на „Тиквеш“.

Покрај трофејот и златниот медал за виното „Вранец Special Selection“, ВВ „Тиквеш“ на IWC 2017 освои и два дополнителни сребрени медали за „Барово (црвено) 2015“ и „Гренаш Бланк Special Selection“ 2016, како и 5 бронзени медали.

(Преземено од МИА)

Содржината е прочитана 68 пати.