Интервјуа

Интервју со госпоѓица Елена Табаковска, директор на „Фармаген“

NutraGen е висококвалитетен додаток во исхраната за пиење, содржи хидролизиран колаген тип 1 од риба во голема доза (10 г во поединечна доза), хијалуронска киселина, витамини А, Ц, Д3, Б-комплекс и минерали цинк и бакар. Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Придонесува за регенерација и за зараснување на тетивите и на лигаментите. При состојба на остеопороза ги стимулира остеобластите, се намалува губењето на коскената маса и се враќа природната еластичност и цврстина на коските. Се намалуваат болката и симптомите кај пациентите со остеоартритис. Придонесува за зацврстување и за регенерирање на зглобовите и на сврзните ткива. Исто така, ја нормализира продукцијата на колаген и на еластин. Кожата станува сјајна, мека, еластична и добро хидрирана

понеделник, 10 јули 2017

МАРИЛИ: Госпоѓица Табаковска, нашата јавност Ве запозна преку таканаречениот колаген од „Фармаген“. Кажете ни нешто повеќе за Вашата компанија, со што се занимава?
ТАБАКОВСКА
: „Фармаген“ е регистрирана веледрогерија што е лиценцирана за трговија на големо со лекови, медицински помагала, додатоци на исхрана, козметика. Во Македонија постои од 2011 година и јас сум во неа од самиот почеток. Работиме на принцип на ексклузивно застапништво на странски производители за претходно наведените категории производи, за Македонија и за други пазари, нивниот увоз и дистрибуција. Нашата земја е мал пазар, со свои специфичности и како таков тешко се работи. Поради тоа, комбинираме со соседните земји и се трудиме постојано да ги пресретнуваме очекувањата и секојдневните предизвици.

МАРИЛИ: Што е со „колагенот од ’Фармаген‘“? За што точно станува збор?
ТАБАКОВСКА:
Колагенот од „Фармаген“ беше Beautin collagen, одличен продукт што го нудевме на пазарот една година. Во овој период направивме бум во Македонија поради тоа што понудивме квалитетен продукт што дава одлични резултати кај оние што го консумираат. Тоа ни покажа дека со изборот на овој тип продукт уште еднаш добро сме ја процениле потребата на купувачите на нашиот пазар. Се предизвикавме сами да размислуваме во насока на осмислување на нова збогатена формула на самиот состав, подобрен вкус, поинаква, поприфатлива амбалажа и стигнавме до нашиот нов продукт NutraGen. Од 1 јули 2017 година го пласиравме на пазарот. NutraGen е висококвалитетен додаток во исхраната за пиење, содржи хидролизиран колаген тип 1 од риба во голема доза (10 г во поединечна доза), хијалуронска киселина, витамини А, Ц, Д3, Б-комплекс и минерали цинк и бакар. Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 5.000 далтони со најголема застапеност на аминокиселините пролин/хидроксипролин, глицин, глутаминска киселина. Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини, тој е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, го овозможува интегритетот на ткивата, еластичноста и регенерацијата на кожата, коските, зглобовите и ‘рскавицата. Различни типови колаген се наоѓаат во различни делови од телото, но најзастапен е (со 90%) колагенот тип 1. 

Продукцијата на колаген во нашето тело е најголема во дваесеттите години, а потоа постепено се намалува, со што настанува и постепено пропаѓање на колагенските влакна во сите сврзни ткива. Овој процес на деградација има различно влијание врз различни делови од телото. Настанува дисбаланс на нормалниот процес на распаѓање и ново создавање на коските со што коскеното ткиво повеќе се распаѓа отколку што се создава, поради што коските стануваат кревки и полесно се кршат. Со самиот процес на стареење настанува постепено губење на мускулната маса и на нејзината сила, а тоа има значително влијание врз општата подвижност. Намалувањето на синтезата на колаген, како и неговото распаѓање доведуваат до губење на ’рскавицата и на функцијата на зглобовите, а тоа резултира со непријатности и со болки при движење. Како што клетките на кожата стануваат сè помалку активни, така се уништува колагенската мрежа што овозможува цврстина и структура на кожата. Кожата станува дехидрирана и тенка и почнуваат да се појавуваат линии, брчки и длабоки бразди.
NutraGen како додаток на исхраната има одлична комбинација од нутриенти што дејствуваат синергистички на забавувањето на процесот на стареење на телото. Придонесува за регенерација и за зараснување на тетивите и на лигаментите. При состојба на остеопороза ги стимулира остеобластите, се намалува губењето на коскената маса и се враќа природната еластичност и цврстина на коските. Се намалуваат болката и симптомите кај пациентите со остеоартритис. Придонесува за зацврстување и за регенерирање на зглобовите и на сврзните ткива. Исто така, ја нормализира продукцијата на колаген и на еластин. Кожата станува сјајна, мека, еластична и добро хидрирана. 

МАРИЛИ: Објаснете ни како стигнавте до приказната за NutraGen?
ТАБАКОВСКА:
Интересно е дека статистички човековата популација старее, а сè повеќе се зголемува животниот век на човекот, така што се смета дека до 2030 година популацијата на планетата ќе биде „стара“. Следствено на тоа, се појавува прашањето - каков ќе биде квалитетот на животот? Колкав период од тој животен век човекот ќе биде способен самостојно да ги извршува своите секојдневни потреби? Да биде подвижен, здрав? 

Знаете и сами, со стареењето природно се појавуваат низа промени во телото и човек треба да најде начин како да се одржува работоспособен и способен за вршење на секојдневните активности. Потребно е секојдневно да сте физички активни, да пешачите, да спортувате, добро да се храните, начинот на живеење да ви биде балансиран, а тоа значи и справување со стресот итн. Но колкумина од нас водат сметка за сето тоа да биде „by the book“? Оттаму и потребата за стимулирање и за помош на организмот да се справи со промените. Колагенот е клуч за одржувањето виталност на повеќе органи и функции. Неговото создавање во телото се намалува по околу 1,5% секоја година, почнувајќи од дваесет и петтата година. Треба или да го стимулирате телото да продолжи да го создава или да го додавате готов, па телото да го искористи или, пак, и едното и другото. Во NutraGen има два во еден. Зошто? Пиејќи течен колаген тип 1 вие го суплементирате таму каде што недостига во организмот и плус го стимулирате самиот организам да продолжи да го создава, а тоа е добитна комбинација. Ако тука се додаде и податокот дека колагенот е хидролизиран од рибата Тilapia (како суровина), што значи мала молекуларна маса, но и гарантирана апсорпција и искористеност во телото. Така што искуството од работата, потребите на пазарот, резултатите од различни третмани пријавени од пациентите/потрошувачите, како и од лекарите што ги следат, а водени од мислата дека одржувањето на здравјето е еднакво, односно поважно и од самото лекување, резултираше со креирање на NutraGen. Во NutraGen е употребено сето стручно фармацевтско, технолошко, хемиско знаење за да се добие производ што во себе ќе содржи соодветна комбинација од компатибилни, најквалитетни суровини, со цел на пазарот да се понуди квалитетен производ. Направен е во интерес на лицата со проблеми при движењето, болка во зглобовите, за лицата со артритис, лицата со остеопороза, за спортистите со оштетени лигаменти, тетиви и со разни повреди што произлегуваат при спортувањето, за сите оние што биле подложени на хируршка интервенција од областа на ортопедијата, трауматологијата, пластичната хирургија, за сите лица што имаат потреба од физикална терапија, дури и за оние што сакаат да се подмладат, разубават, за лицата што се борат со акни, егзема и со различни проблеми со кожата, за сите што сакаат да се одржуваат во форма. NutraGen ги пресретнува предизвиците и потребите на современиот начин на живеење. Овој продукт е наменет за живот без болка и за живот во движење.


МАРИЛИ: Какви се плановите за овој исклучителен производ со благопријатни ефекти врз здравјето на луѓето?
ТАБАКОВСКА:
Во јули 2017 година го пласиравме на пазарот во Македонија и во Косово. NutraGen ѝ беше претставен на стручната јавност на 8. Балкански конгрес по артроскопија, трауматологија и ортопедија што се одржа во мај 2017 година во Струга. До крајот на 2017 година NutraGen ќе може да го најдете на рафтовите во аптеките, во козметичките салони, во салоните за убавина и во приватните здравствени ординации низ целиот Балкан. Ќе може да прочитате точни податоци од случаи на пациенти со различни состојби, за тоа што постигнале со употребата на NutraGen, за колкав временски период и кој лекар го водел случајот. Имам намера да спроведам студија со која ќе се видат и ќе се потврдат ефектите од употребата на NutraGen. Во денешно време може да најдете мал милион додатоци на исхраната од кои сите не се тоа за што се декларираат дека се. Регулативата за додатоци на исхраната е полиберална во споредба со онаа за лековите, па не сте многу безбедни во однос на тоа дека знаете што точно земате кога ќе посегнете по додатоци на исхраната. Според моето искуство, треба да бидете особено селективни и да прочитате повеќе информации во врска со производот, кои суровини ги содржи, од каде потекнуваат, за начинот на производство итн., итн., но секој или не се заморува или нема време сето тоа да го провери детално. Нам ни останува да бидеме сериозни за тоа кои продукти и со каков квалитет ќе нудиме на пазарот.
За мене како фармацевт и како човек со развиен морал и етичност е важно сама лично да застанам зад тоа за кое ќе се зафатам да го работам и да го промовирам. Тоа значи и сама да го користам производот или да го проверам за да биде навистина исправен и безбеден за употреба, произведен со валидирани постапки, под ригорозни услови, во производствен објект што е GMP сертифициран од „појака“ поригорозна сертификациона куќа. На пример, ако имате производствен капацитет за кој мора да имате GMP (Good Manufacturing Practice), преферирам тој GMP да е издаден, на пример, од Британската агенција за лекови (MHRA) или од некоја ваква агенција од скандинавските земји. Освен производството, понатаму е важно дали за продуктот се направени студии и, ако ги има, какви студии се тоа, односно дали се однесуваат на исправноста на продуктот, на ефектите од употребата, дали резултатите се поткрепени со бројки. Штом NutraGen ќе се пласира барем во четири држави на Балканот, следен чекор е да спроведеме студии во кои ќе бидат опфатени репрезентативни групи лица со различни состојби и резултатите ќе ги публикуваме. Колагенската суровина што ја има во NutraGen е најдобриот колагенски молекул на светско ниво, а тоа е поткрепено со ин витро и ин виво студии. А бидејќи NutraGen е трговска марка на „Фармаген“ и бидејќи сè треба да биде најпрофесионално изведено и поткрепено со факти и со бројки, следува студија со која ќе се потврдат нашите очекувања врз база на вложеното знаење и искуство во овој продукт. „Колагенот од ’Фармаген‘“ веќе го консумираат врвни спортисти од Македонија од светски ранг по повреди или постоперативно за обновување на лигаментите, жени со остеопороза, девојки што сакаат да се разубават, да го подобрат квалитетот на својата кожа, коса, нокти и така натаму. Приказната е убава и расте и вреди да биде споделена. Ќе видите и ќе слушнете преку различни медиуми (телевизии, радио, интернет-портали итн.) за искуствата од употребата на NutraGen од лица со различни состојби, па и здрави поединци што се одржуваат витални. Креираме бренд што и натаму ќе ја оправдува довербата што досега ни ја укажале нашите клиенти.

МАРИЛИ: Какви планови имате со другите производи од програмата на „Фармаген“ и дали подготвувате повторно изненадување за Вашите потрошувачи во блиска иднина?
ТАБАКОВСКА:
Покрај колагенот, во моментов имаме лекови за болничка употреба што ги нудиме тендерски и кои сами ги дистрибуираме до сите ЈЗУ низ Македонија и ќе продолжиме со тоа. Имаме тестови за употреба во домашни услови за детекција на зголемени нивоа на Helicobacter pylori во крвта, потоа тест за утврдување крв во фецесот што може да биде индикатор за хемороиди, колон канцер итн., што значи во случај на позитивен тест лицето треба да се обрати кај лекар за подетални испитувања, со цел да се утврди која е причината за оваа појава. Тест за детекција на зголемени нивоа на простатен антиген во крвта, тест за детекција на микроалбумин во урината, тест за бременост и овулација, како и AWARE breast self exam перниче за самопреглед на дојка што би им помогнало на жените да ги детектираат промените на градите и појавата на грутки при вршењето самопреглед. Процентот на смртност од канцер на дојка е голем поради доцната детекција на самиот карцином. Современата и самосвесна жена треба секој месец да се самопрегледува. Имаме и една линија на сертифицирана органска козметика Dr. Organic, која е изработена врз база на екстракт од гел од полжав во комбинација со разни растителни екстракти што е одлична за хидратација на кожата, за избелување на дамки, стрии, лузни, акни, брчки. „Фармаген“ е увозник и на најдобриот светски бренд на додатоци на исхраната Solgar, што ми е многу драго бидејќи не е во прашање популарноста, туку квалитетот на производите, односно тоа што е декларирано во составот и во количината навистина го има во производот. Селекцијата на производите што ќе се најдат, како во Македонија, така и на пазарите во соседството, ја правам лично во тесна соработка со мојот стручен тим.


МАРИЛИ: Според Вашето мислење, што значи да се биде успешна жена менаџер. Дали возраста и младоста се лимит за успешноста во менаџирањето?
ТАБАКОВСКА:
Никако! Најважно е каков човек си, што носиш внатре во себе, какви способности поседуваш, што сакаш да правиш во животот, да си самосвесен или да го освестиш својот потенцијал во конкретна област или во повеќе области и да го следиш својот животен пат, а тоа е сопствениот уникатен пат кон среќата. Кога си посветен и се следиш себеси, евентуално ќе стигнеш таму каде што треба. И тука успехот e придружна работа, ти се случува. Во врска со возраста и со лимитот, прво сметам дека секој има свој пат и кога и на кое ниво ќе стигне е релативна работа и, генерално, се случува најмногу во зависност од зрелоста на човекот, а второ, тоа да се случи на помлади години значи да се постигне „успех“ на помлада возраст. Секако, тоа има свои предности и недостатоци и е долга тема на разговор. Знаејќи ги своите потенцијали и сакајќи да бидам секогаш во центарот на настаните и на информациите, односно да ги добивам информациите од прва рака, сурови и необработени, може да речам дека тоа ме донесе тука каде што сум денес. Што ќе направиш со информацијата, исто така, е важна работа. И за крај, тоа што го правиш мора да го работиш посветено, цврсто да веруваш во тоа, треба да стоиш зад своите зборови и дела за да има смисла сето тоа. Ако не е така, еден ден сè паѓа во вода. Младоста е предност за преземање поголеми ризици. Во овие моменти може да се смета и за предност бидејќи мојата генерација се соочи со предизвиците од брзиот технолошки развој и неговото влијание врз ултрабрзиот пренос на информации. Уште од најрана возраст се наоѓав во ситуации кога сите се тргаа од нешто или молчеа, јас да ги преземам одговорноста и иницијативата за да го завршам случајот, каков и да е, од името на сите. Едноставно се одвојував од групата во која форма и да беше таа, одделение, организација, работа и, следствено на тоа, добивав и поодговорни работи за завршување, разни животни ситуации, водење групи итн. Мојата биографија е долга. Низ тој процес на растење научив дека постојано има предизвици, доаѓаат ненајавено, од сите страни и понекогаш и повеќе истовремено, но нив секогаш ги дочекувам исправено и гледам да ги надминам низ од. Затоа сум му многу благодарна на животов за сите тие настани и ситуации, благодарна сум им и на сите луѓе што ми довериле важни/сериозни задачи, бидејќи тие ме направија тоа што сум денес. На возраст млада, но со различни стекнати искуства и научени лекции. Успешната фармагенска и колагенска приказна е природен тек на настаните.
 
Содржината е прочитана 2883 пати.