Бизнис вести

Прв чартер лет од Катовице на Охридскиот аеродром

На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, денеска ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице (Полска) со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“ во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“

четврток, 22 јуни 2017

На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, денеска ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице (Полска) со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“ во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.

Како што соопшти ТАВ, на настанот пред присутните најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој, амбасадорот на Република Полска во Македонија Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“ Габриела Манка Сокулу.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 71 пати.