Инфо

Трета бесплатна музичка работилница во Спомен куќата на Тоше во Крушево

Во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево денеска почна со работа третата бесплатна музичката работилница „Krusevo Workshop 2017”, на која учествуваат триесеттина млади гитаристи од сите краишита на Македонија

вторник, 20 јуни 2017

Во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево денеска почна со работа третата бесплатна музичката работилница „Krusevo Workshop 2017”, на која учествуваат триесеттина млади гитаристи од сите краишита на Македонија.
Работилницата ќе трае три дена, а ќе заврши со заеднички концерт на сите учесници што ќе се одржи на 22 јуни пред платото на Спомен куќата со почеток во 18 часот.

Оваа година ментор на работилницата е еден од најдобрите македонски гитаристи Дамјан Пејчиноски, кој во наредните три дена на помладите музичари ќе им пренесе дел од своето знаење, техники и пристап во свирење на овој популарен инструмент.

Овој проект има за цел да го популаризира свирењето на музички инструменти кај нас, а воедно да ја позиционира Спомен куќата на Тоше и градот Крушево како едукативен музички центар во регионов.

Проектот се реализира со подршка на Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Трето Уво.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 133 пати.