Инфо

Несекојдневна можност: Шведска кујна во срцето на Скопје

Остануваат уште само два дена до крајот на една однајнесекојдневните кулинарски манифестации која што ja воодушеви јавноста. Имено, „Деновите на шведска храна во Македонија“ под мотото Try Swedish кои што се одржуваат во ресторанот Дистрикт во Скопје Мериот хотел во организација на Амбасадата на Шведска

четврток, 15 јуни 2017

Остануваат уште само два дена до крајот на една однајнесекојдневните кулинарски манифестации која што ja воодушеви јавноста. Имено, „Деновите на шведска храна во Македонија“ под мотото Try Swedish кои што се одржуваат во ресторанот Дистрикт во Скопје Мериот хотел во организација на Амбасадата на Шведска.

Желбата на Шведска да ја запознае македонската јавност со вкусовите на прекрасната шведска кујна и интересните шведски рецепти стана реалност во која што уживаат голем број на граѓани од 7ми до 16ти јуни.

Светски познатите шведски кофтиња со лингон бери бобинки, харинга, мариниран лосос со сос од сенф и копер, иновативните вкусни десерти како свежи малини со крем од лимон, пуслици со екстракт од сладок корен се де од големото мени кое што се служи во Дистрикт. Менито е креирано од Питер Татар, главен шеф на Скопје Мериот и Дистрикт ресторан заедно со шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон,кој меѓу другото е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.

Шведска во последните децении е на врвот на листата на светската гастрономска мапа благодарение на иновативноста и уникатните, маркантни вкусови кои овозможуваат вистинско уживање.

Try Swedish е вистински предизвик и за познатите македонски блогери кои што од самото отворање ги преплавија македоските социјални медиуми со прекрасни фотографии од шведските јадења.

Погледнете ги блоговите на:

Garlicky Girl: https://www.facebook.com/garlickygirl/posts/1650894591619655

Monica Potter: https://www.facebook.com/MonikaPotterMK/posts/1864316330559226

Daniel Cuklev: http://vsco.co/denic/journal/swedish-food-days

Missy Onion https://www.instagram.com/missyonion/
 

Содржината е прочитана 156 пати.