Инфо

Утре започнува Баскерфест 2017- Десет дена позитивни вибрации во градот

Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во наредните 10 дена традиционално ќе се претвори во театар под отворено небо, а сите посетители ќе имаат можност секојдневно да уживаат во возбудливи точки

четврток, 15 јуни 2017

Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во наредните 10 дена традиционално ќе се претвори во театар под отворено небо, а сите посетители ќе имаат можност секојдневно да уживаат во возбудливи точки.

Со над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари ќе се отвори 12-тото издание на фестивалот Баскерфест 2017.

На плоштад „Македонија“ точките на артистите ќе се одвиваат на три локации од 19:00- 23:00, а во вечерните часови од 22:00-01:00 ќе има и музичка бина збогатена со пивска градина во пивскиот центар „Колектив“ .

За најмладите подготвено е и интересно детско катче каде што ќе може да се забавуваат секој ден од 18:00-20:00
Посетителите ќе може да уживаат во уличната уметност од 16-ти до 25-ти јуни. Покрај богатата програма, на плоштадот ќе биде поставено и Дрво на Среќата, каде што секој посетител ќе може да закачи порака со среќна и позитивна мисла.

Фестивалот е со поддршка од град Скопје.


Баскерфест 2017- 12 години шириме насмевки!

(Преземено од Public Relations & Marketing)
 

Содржината е прочитана 144 пати.