Инфо

ПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ЗА СУПЕР КУПОТ ВО СКОПЈЕ

Од 13.06.2017година, па се до 4-ти јули можете да аплицирате за билети единствено на UEFA.com. за УЕФА СуперКуп натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој на 8-ми август ќе одигра во Скопје на арената „Филип Втори“

среда, 14 јуни 2017

Од 13.06.2017година, па се до 4-ти јули можете да аплицирате за билети единствено на UEFA.com. за УЕФА СуперКуп натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој на 8-ми август ќе одигра во Скопје на арената „Филип Втори“.

Сите заинтересирани можат да поднесат барање за билет пред крајниот рок, 4-ти јули до 14:00 часот (централно европско време).

Може да се аплицира за најмногу четири билети по лице.

-Категории на цени:
Категорија 1 за 50 евра
Категрија 2 за 30 евра
Категорија 3 за 15 евра
Билети за лица со инвалидски колички со придружник за 15 евра.

Како ќе функционира процесот на апликација за билети:

Продажбата несеврши врз основа на прв дојден – прв услужен. Може да се аплицира во било кое време до затворање на линкот за апликација за билети.

Сите апликации имаат еднаква шанса да бидат успешни. Доколку побарувачката е поголема од расположливите билети тогаш ќе има извлекување за распределба на билетите. Ждребувањето ќе биде извршено по завршување на периодот за аплицирање.

Секоја валидна апликација ќе биде внесена во системот без оглед на времето на поднесување во рамки на периодот за аплицирање.

Апликантите за билетите ќе бидат известени преку електронска пошта дали нивната апликација е успешна , најдоцна до 14-ти јули.

Истотака, ќе може да се провери статусот на апликацијата на линкот за аплицирање за билети со внесување на корисничко име и лозинка.

Билетите ќе бидат испратени по пошта најдоцна до крајот на јули. Плаќањето ќе може да се изврши само со платежна картичка.

Билетите не може да ги користи друго лице освен оној за кого се наменети.

Плаќањето ќе може да се извршисамо со MASTER CARD и VISA платежникартички, а цените ќе бидат пресметани во евра.

Во продажба се 23.000 билети.

Како и вообичаено навивачите и јавноста ќе имаат право на најголем број од билетите, до 75 проценти од капацитетот, односно од 30.500 седишта (23.000 места за продажба).

Останатите 25 проценти ќе бидат доделени на локалниот организационен комитет, УЕФА, Европските фудбалски Федерации, комерцијалните партнери, радиодифузерите и носителите на телевизиските права.

Сите информации, вклучувајќи услови за користење, како и одговори на често поставувани прашања седостапни на англиски и македонски јазик.

Инаку, како што информираат од ФФМ, интересот за мечот е огромен, па првиот ден имало апликации дури и од Нов Зеланд, Јужна Африка, Аргентина, Австралија и други прекуокеански земји.

ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ ЌЕ ГО ДОДЕЛИ ПЕХАРОТ НА ПОБЕДНИКОТ НА СУПЕР КУПОТ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија-Илчо Ѓорѓиоски заедно со претседателот на УЕФА-Александар Чеферин ќе бидат доделувачи на пехарот и медалите за финалето на СуперКуп натпреварот меѓу РеалМадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје.

Првиот човек на македонскиот фудбал имаше средба со претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха, кои беа присутни на првата прес-конференција по повод големиот натпревар кој ќе го организираме воСкопје.

Големите ѕвезди на светскиот фудбал повторно ја искажаа увереноста дека натпреварот ќе биде вистински спектакл, а Фудбалската федерација на Македонија и градот Скопје одлични домаќини на настанот.
 

Содржината е прочитана 176 пати.