Бизнис вести

Летно бизнис патување во Македонија – настан што ги поврзува младите иселеници со можностите за соработка во Македонија

Македонија2025 го организира второто издание на летното бизнис патување во Македонија, наменето за млади професионалци од дијаспората (16 - 28 јули) . Претседавач на програмата е господинот Живко Мукаетов, кој е член на одборот на директори на Македонија2025

четврток, 25 мај 2017

Македонија2025 го организира второто издание на летното бизнис патување во Македонија, наменето за млади професионалци од дијаспората (16 - 28 јули) . Претседавач на програмата е господинот Живко Мукаетов, кој е член на одборот на директори на Македонија2025.

Како што објаснува самото име, програмата се состои од два дела, бизнис – односно професионална пракса, и патување.Од организацијата велат дека оваа иницијатива има за цел да им даде една нова перспектива на младите иселеници, повторно да ги поврзе со нивните корени, како и да изгради темели кои ќе поттикнат соработки помеѓу Македонија и земјите од каде доаѓаат учесниците.

Минатата година програмата ја искористија шест млади со македонско потекло кои живеат во САД, Австралија, Германија и Франција, кои добија еднонеделно практично работно искуство во неколку компании и организации во Македонија.За време напрестојот, групата имаше можност да ја обиколи Македонија, дапосети знаменитости, како ида ја искуси Македонската кујна и да присуствува на низа настаниза вмрежување.

Оваа година како дел од професионалното искуство, групата ќе присуствува на средби со познати претприемачи и извршни директори од Македонија, како и на еднонеделно стажирање во компании што одговараат на амбициитена учесниците.

Со комплетирање на практичниот дел започнува вториот сегмент од патувањето низ Македонија, коеќе стартува во Охрид, кадегрупата ќе ги посети најзначајнитезнаменитости на градот. Од Охрид, преку националниот парк Галичица,групата ќе го посети Отешево и Стење на Преспанското езеро, каде домаќин ќе биде наш инвеститор од дијаспората. Следниот ден е наменет за посета на селото Брајчино, а потоа и Битола, каде ќе се одржиработен состанок со членовите на Македонија2025 и инвеститори од дијаспората,а потоа следува и прошетка низ градот.

Предвидено егрупатада патува и до историското Крушево, каде ќе се посетат знаменитостите Македониум и Мечкин Камен, а следното утро се заминува за винарска визба каде ќе се дегустираат квалитетни Македонски вина и јадења. Со тоа завршува и самото патување,со што учесниците и нивните домаќини од Македонија2025 се враќаат во Скопје.

Од организацијата ги покануваат сите луѓе што имаат свои роднини и пријатели иселеници да ја пренесат оваа порака до нив, и да ги поканат во Македонија на практично и забавно патување и дружење. Повикот за апликации истекува на 15-ти јуни, а турата трае од 16 до 28 јули.

*Македонија 2025 може да обезбеди надомест за патни трошоци за физички лица со ниски примања. МК2025 ќе го покрие и трошокот за сместување во времетраењето на програмата.

Аплицирајте на https://goo.gl/forms/eJQjLIVEuzeJqSHV2

Видео тестимонијали од минатогодишни учесници https://www.youtube.com/playlist?list=PLj9OcPCGo_tCXG7sO6iAnvJ3aslAVmnv5

За останатите детали посетете ја нашата веб страна www.macedonia2025.com
 

Содржината е прочитана 849 пати.