Здравје/ Убавина

Д-р Лилјана Кочоска Мараш со уште еден придонес кон скринингот и лекувањето на ракот на грлото на матката во Р. Македонија

На Регионалниот конгрес на гинеколози и обстетричари одржан од 12-ти до 14-ти мај во Охрид, свое предавање за примена на роботхирургија во третман на грлото на матката во Шведска и искуствата на земјата со научната институција Упсала даде и д-р Лилјана Кочоска Мараш

вторник, 23 мај 2017

Регионалниот конгрес на гинеколози и обстетричари одржан од 12-ти до 14-ти мај во Охрид допринесе за размена на клиничките и научните искуства на медицинските стручњаци и предавачи од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Шведска, Турција, Велика Британија, Чешка, Словачка и Албанија за скринингот, раната детекција и лечењето на ракот на грлото на матката.

Освен д-р Лилјана Кочоска Мараш како гостин од Шведска свое предавање одржа и д-р Елизабет Викстром Шемер за примена на колпоскопот Гинокулар и телемедицина во превенција на ракот на грлото на матката. Д-р Елизабет Викстром Шемер донираше два колпоскопи Гинокулар на Клиниката во Р. Македонија во декември 2016 година.

Со ова се допринесува кон напорот Р. Македонија да се приближи во скринингот, лекувањето, етиката и професионализмот кон западно европските земји, што е наполно остварливо со структурирана, добро организирана и економски промислена, исплатлива за пациентката и опшетството, здравствена програма и процес.

На конгресот се констатира дека проблемот со висока инциденца на ракот на грлата на матката е заеднички за земјите од поранешна Југославија освен за Словенија.

„За жал, големината на проблемот со рак на грлото на матката во Македонија и во горенаведените земји се должи на неорганизиран скрининг, недоволно ангажирање на надлежните институции за овој проблем, така да ние лекарите мора да работиме уште повеќе на издигнување на свеста кај сите,за големината на проблемот и последиците за земјата, а јас со задоволство ќе помогнам за да може тоа да се реализира“- истакна д-р Лилјана Кочоска Мараш.
 

Содржината е прочитана 808 пати.