Култура

Гала концерт по повод 70 години Македонска опера

Македонската опера и балет по повод 70-годишнината од Македонската опера ќе одржи гала концерт на кој ќе учествуваат сите првенци, солисти и оркестарот и хорот на МОБ.

среда, 26 април 2017

Македонската опера и балет по повод 70-годишнината од Македонската опера ќе одржи гала концерт на кој ќе учествуваат сите првенци, солисти и оркестарот и хорот на МОБ.

На концертот ќе бидат изведени арии, дуети, терцети, квартети, оркестарски и хорски нумери од светски автори. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев.

Првата професионална оперска претстава изведена во Македонија е „Кавалерија рустикана“ на 9 мај 1947 година. Во подготовките и изведбата учествувале Тодор Скаловски како диригент и Бранко Поморишац како режисер. Хоровите ги подготвиле Петре Богданов - Кочко, Тодор Скаловски и Стефан Гајдов.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 280 пати.