Култура

Претставата „Кожа“ на Скопје танцов театар во Велес (ПВТ)

Претставата „Кожа“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин, денес во рамки на тринаесеттото издание на фестивалот „Танц фест 2017“ ќе биде изведена на сцената на Велешкиот театар.

понеделник, 24 април 2017

Претставата „Кожа“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и Рисима Рисимкин, денес во рамки на тринаесеттото издание на фестивалот „Танц фест 2017“ ќе биде изведена на сцената на Велешкиот театар.

Во претставата учествуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска и гостите од Кина, Ванг Нинг и Ли Је.

Претставата, како што информираат организаторите, е составена од три кореографии „Котел“ на Рисима Рисимкин, на оригинално направена музика на Тони Китановски, „Погрешно“ на Адријана Данчевска, на музика на групата „Верка“ и кореографијата под наслов „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, со избор на музика од повеќе автори. Костимите за целата претстава се на Благој Мицевски.

Свеченото затворање на фестивалот ќе биде во вторник на сцената на Велешкиот театар со претставата „Колевка”, во кореографија на Грегор Луштек.

Во претставата учествуваат Анастасија Данчевска, Жиган Крајнчан, Ева Кронберга, Јанис Путниш, Кристина Шајтошова, Жонг Жен, Лиу Јутинг, Ли Ченже, Пао Јухонг, Феи Гуанхан, Фен Дандан и други.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 320 пати.