Бизнис вести

Агенција „Марили“ ги додели признанијата на најуспешните жени менаџери за 2016 година

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“ што се одржа вчера вечер по 21-ви пат во Мултибизнис центарот на Скопски Саем ја продолжува традицијата на поддршка на жената во бизнисот и давањето пример на младите генерации на жени.

петок, 31 март 2017

Проектот на агенцијата „ Марили“ за поддршка на жената во бизнисот во Р.Македонија и во дијаспората насловен како „ Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“ влегува во третата деценија од своето постоење.

Беа прогласени и им беше доделено признание на топ 10 најуспешни жени менаџери и тоа:

Сузана Блажевска , Генерален менаџер, „ Афродита С“ - Скопје
Елена Василевска Ѓеоргиева, Заменик генерален менаџер, Поликлиника „Дента ЕС“ - Скопје
Олгица Ѓоргиева, Генерален менаџер, Моднo ателје „ ГО Ѓоргиева Олгица “ - Скопје
Елена Антоновска Едизер,Генерален менаџер, „Арс Луцида“ - Скопје
Билјана Караманолеска, Генерален менаџер, „Светот на Колорес“- Скопје
Ена Норнилд, Генерален менаџер, „Дан-Мак“ - Скопје
Енкеледа Стефановска, Генерален менаџер, „ Ад Вербум“ - Скопје
Елида Трајковска, Генерален менаџер, „Securicom”- Скопје
Александра Марковиќ Цветановска, Генерален менаџер, „Вардар Експрес Травел“ – Скопје
Викторија Шотароска ,Генерален менаџер, „ П.И.К. Ко“ Дооел – Скопје

Госпоѓа Лидија Трипуноска,генерален менаџер на агенцијата „Марили“ и идеен творец на овој проект истакна дека изборот е направен според веќе воспоставените критериуми и дека спецификата оваа година е што жените менаџери што биле дел од оваа манифестација, дале голем број препораки за годинешнава манифестација, што зборува за зрелоста на овој проект и за вербата и довербата што во него го имаат жените менаџери.

Во свечен амбиент на Мултибизнис центарот на Скопски Саем, збогатен со прекрасните ноти на учениците при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“: Јана Каевска-флејта,Анел Селим-кларинет, Филип Каревски- фагот - J.Kowalewski-Madrigal и дуо гитари: Ѓоршевски Андреј и Наумовски Јаков - М.Ганги – Тарантела и одличното водителство со поетска форма на Ели Танасковска, им оддадовме почит и признание на исклучителните жени менаџери- лауреатки за изминатата година.

Свечено обраќање за менаџерството и за успехот што жените го постигнуваат како лидери и претприемачи даде и господин Зоран Мартиновски, шеф на Канцеларијата во Македонија и во Црна Гора на ИФЦ и претседавач на Македонскиот економски самит, член на бордот на „Македонија 2025“.

Во прекрасен амбиент и позитивна атмосфера продолжи дружењето на свечениот коктел во рамките на манифестацијата.
 

Содржината е прочитана 5415 пати.