Култура

Свечена промоција на албумот „Само за Тебе“ и видеото „Нема да Остареш“ од госпоѓа Верица Пандиловска-Гичева

Во свечен амбиент, одлична промоција на албумот „Само за Тебе“ и видеото „Нема да Остареш“ од г-ѓа Верица Пандиловска- Гичева во “Буши ресорт и спа“. Одличен амбиент, одлична музика и одлично сработено видео од Дејан Миличевич, соработка која продолжува во континуитет и најавува присуство на нашата поп дива на музичката сцена во Република Србија.

четврток, 09 март 2017

Во свечен амбиент, извонредна промоција на албумот „Само за Тебе“ и видеото „Нема да Остареш“ од г-ѓа Верица Пандиловска- Гичева во “Буши ресорт и спа“. Одличен амбиент, одлична музика и одлично сработено видео од Дејан Миличевич, соработка која продолжува во континуитет и најавува присуство на нашата поп дива на музичката сцена во Република Србија.

Перфекционизмот во работењето на Верица Пандиловска Гичева е присутен и овој пат во новиот албум каде баладите и префинетоста на поп звукот се надополнети со одличните текстови на кој што работеа Калиопи Букле,Дарко Димитров и други автори.

Одличните композиции, убаво спакувани во омотот на новиот албум и атрактивноста на новиот видео спот ја прават нашата поп дива единствена на музичката сцена.

Секогаш грижлива и околу својот стајлинг ни донесе една нова димензија на својата презентација која заслужено ги надминува и границите на нашата земја и во скора иднина ја очекуваме и на поголемите музички сцени на балканските простори. 

Содржината е прочитана 796 пати.