Култура

Изложба „Накитот низ вековите од Р. Македонија“ на 8-ми Март во Археолошкиот Музеј на Македонија

По повод Меѓународниот ден на жената, 8 ми март, НУ Археолошки музеј на Македонија од утре, 08.03.2017 година, во просторот на повремени изложби на Археолошки музеј на Македонија за пошироката јавност ќе биде отворена изложбата Накитот низ вековите од Р. Македонија.

вторник, 07 март 2017

Оваа изложба веќе беше презентирана во Софија, Р. Бугарија во 2015 година во МКЦ, и Њујорк, САД во 2016 година привлекувајќи големо внимание и интерес во земјава и странство.

Со цел да излеземе во пресрет на македонската јавност, од утре 08.03.2017 година истата ќе може да се види и во Скопје.

На изложбата ќе бидат презентирани 68 копии од експонати кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет, уметничките тенденции и иновативниот дух на луѓето кои егзистирале на оваа територија од времето на праисторијата до крајот на 20-тиот век или скоро 9.000 години континуитет. Воедно, на изложбата ќе бидат презентирани и неколку копии на тоалетени сетови за етерични масла, шминка и кутии за накит, а предвидената идејна концепција ќе ја надополнат и адекватно одбраните теракотни антропоморфни фигурини на кои изворно се представени декоративни украсни елементи.

Експонатите ќе бидат изложени во пет витрини, а изложбата дополнително ќе биде збогатена со илустративно-едукативен материјал како банери, постери, видео проекции, легенди и каталог.
 
Содржината е прочитана 421 пати.