Бизнис каталог

Бизнис каталог 2017 / зимско издание

Ви го пратставуваме зимското издание на Бизнис-каталогот на Република Македонија за 2017 година, која е јубилејна во издавањето на овој единствен и ексклузивен каталог од ваков тип.

Почитувани,

Зимското издание на Бизнис каталог на РМ за 2017 година ја означува вистинската зрелост на овој проект што влегува во третата декада на своето издавање. Ова издание, ексклузивно единствено од ваков вид, секогаш и одново ја пронаоѓа формата на своето постоење наспроти сите препреки во економијата, но и напливот на интернет- технологијата.

Убавата фотографија почувствувана одблизу, тука до нас, е најзначајниот израз на каталогот што е дополнет со квалитетна содржина и со ексклузивни интервјуа, а сето тоа го прави единствен и неповторлив издавачки проект. Неговите страници раскажуваат за убавините на нашата земја, за зимските центри, за огромното археолошко богатство, за личностите што се значајни за светската култура, а потекнуваат од ова парче земја. Каталогот останува доследен на бизнис-сферата и во него бизнис-субјектите можат да говорат за своите успешни приказни и за визиите за развој. Овој проект, секако, му отстапува простор и на спортот за да ги презентираме неговите успеси. Зборуваме и за авиосообраќајот, односно за теми што произлегуваат од „ТАВ Македонија“, каде што се одвива и најзначајната дистрибуција на каталогот. Нашиот каталог може да се најде и во амбасадите, конзулатите, хотелите и во пошироката продажна мрежа.

Современите форми на електронско прелистување овозможуваат каталогот да го видите и на порталот на агенцијата „Марили“ на www.marili.com.mk. Сето ова придонесува содржините да им бидат достапни на сите деловни субјекти во земјава, во нашата дијаспора, да се развива комуникацијата на сите заинтересирани во Европа и во светот. На ваков начин се подобрува перцепцијата за нашата земја како бизнис-дестинација за соодветни инвестиции, за развој на туризмот, како земја со цивилизациски корени и со единствена и уникатна културна вредност што нè прават препознатливи во европското семејство на народи.

Со почит,
Лидија Трипуноска
генерален менаџер