Саем
Отворен дводневниот саем за традиционална храна и активен туризам
Домашни џемови, крушевски локум, велешки органски мед и уште многу други традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје денеска и утре ќе може да се купат на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што се одржува во „Рамстор Мол“.

сабота, 25 февруари 2017
Домашни џемови, крушевски локум, велешки органски мед и уште многу други традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје денеска и утре ќе може да се купат на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што се одржува во „Рамстор Мол“.
На саемот е претставена и богатата туристичка понуда на Македонија и многуте авантури коишто ги нуди природата во руралните средини како што се планинскиот велосипедизам во Мариово, тандем параглајдингот во Охрид, јавањето коњи во Галичник.
Според организаторите, саемот е прилика посетителите да се запознаат со можностите што ги нудат руралните средини, а за малите бизниси е можност да ги изложат своите услуги и производи на поширокиот пазар.
Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Техада истакна дека швајцарската Влада од 2012 година ги поддржува малите бизниси од руралните средини и преку вакви саеми им помага да ги претстават своите производи на што повеќе потрошувачи.
Саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“
(Преземено од МИА)