Култура

Нова победа на нашата виолинистка Ева Богоевска на светската сцена

Во рамките на интернацоналниот натпевар Rondo Young Artist кој годинава се одржа на 20 февруари во Њујорк, нашата претставничка, виолинистката Ева Богоевска го освои првото место за виолина во својата категорија. Ова во конкуренција на повеќе од 200 музичари од целиот свет од САД, Канада, Европа и Азија.

четврток, 23 февруари 2017

Во рамките на интернацоналниот натпевар Rondo Young Artist кој годинава се одржа на 20 февруари во Њујорк, нашата претставничка, виолинистката Ева Богоевска го освои првото место за виолина во својата категорија. Ова во конкуренција на повеќе од 200 музичари од целиот свет од САД, Канада, Европа и Азија. Жирито сочинето од еминентни педагози кои имаат свои класи Mannes Collageof Music,Manhattan school of Music i врвната Julliard school of Musica, високо ја оцени талентираноста и квалитетната изведба на Ева Богоевска.

„Ова е голем мотив за мене и еден вид верификација на мојот труд, но и наогромниот вложен труд на мојот професор Олег Кондратенко, кој низ работата успева да го извлече најдоброто од студентите. Ова е и огромен мотив за понатамошна посветена работа и подготовка за моето претставување во април на концертниот настап во „Карнеги Хол“ во Њујорк“ – изјави Ева Богоевска.

Концертот во април во „Карнеги Хол“ е поддржан од министерството за култура и Охридска банка Societe Generale Group.

За репрезентативниот настап и изгледот на Ева Богоевска на овој концерт ќе биде изработена специјална креација од модната креаторка Антонија Ристовска, со која веќе постои взаемна соработка.

Ева Богоевска во континуитет ниже награди Сан Ремо –Јуниор Италија 2012 Прва награда, Санкт Петербург-Русија Лаурет од прв степен 2014 на престижниот фестивал - „Сребрен камертон“, Ерусалим Фестивалот за класична уметност и култура - „Jerusalem of gold“, „2016 Гранд При“.

Годинава следува и концертен настап, рецитал во Македонија, а во август месец Ева Богоевска ќе има и солистички рецитал во Рим , Италија, во Teatro di Marcello.


 

Содржината е прочитана 1285 пати.