Култура

„Ослободувањето на Скопје“ награден на фестивал во Шведска

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило доби специјална награда од жирито на филмскиот фестивал BaNeFF (Balkan New Festival).

среда, 22 февруари 2017

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило доби специјална награда од жирито на филмскиот фестивал BaNeFF (Balkan New Festival).

Фестивалот се одржа од 16 до 19 февруари во Стокхолм, Шведска. На фестивалот се прикажуваат филмови од регионот на Балканот и филмови кои третираат теми кои се актуелни во државите на Балканот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац и Мико Ноусаинен. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска.

„Ослободување на Скопје“ е македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје за 2016 година.

(Преземено од МИА)

 

 

Содржината е прочитана 242 пати.