Култура

Вечност за добрите музички ноти

Прекрасните ноти и инспиративната музичка изведба на Јаков Дренковски беа подарок за публиката која на празникот на лозарите „Св. Трифун“, и на вљубените - „Св. Валентин“ беше присутна на концертот одржан во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

четврток, 16 февруари 2017

Прекрасните ноти и инспиративната музичка изведба на Јаков Дренковски беа подарок за публиката која на празникот на лозарите „Св. Трифун“, и на вљубените - „Св. Валентин“ беше присутна на концертот одржан во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Драгите пријатели, музички соработници имаа можност уште еднаш да се дружат со прекрасните композиции кои што овој голем пејач и композитор на забавна музика им ги возможи. Беа изведени голем број хитови, некои и за прв пат во живо од неговите два музички албуми. На сцената настапи со придружниот бенд, басистот Даниел Дарковски, пијанистот Трајче Органџиев, тапанарот Спиро Здравевски, гитаристот Владимир Чадиковски, и придружните вокали Ана Костадиновска и Сара Николовска. Јаков Дренковски после бројните аплаузи и овации за прекрасната изведба и се обрати на публиката, на драгите пријатели и соработници од детството, меѓу кои и авторот на негови бројни музички текстови, Љупчо Грбевски – Џери, поздравувајќи ги срдечно за долгите години на соработка, поддршка и за нивното присуство на оваа прекрасна празнична вечер. МКЦ е местото каде што Јаков Дренковски за прв пат пред 37 години го одржа својот концерт и спомените го навратија на ова исто место каде што со голема жар и љубов изведе повторно голем дел од своите композиции а на крајот заврши со изведбата на песната „Скитник“. На таков начин ја потсети уште еднаш драгата публика и македонската музичка сцена дека добрите музички ноти претставуваат вечност.
 

Содржината е прочитана 455 пати.