Култура

Отворање изложба на документарни фотографии во КИЦ

Изложба на документарни фотографии „Past is now“ („Минатото е сега“) ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар во Скопје, во организација на Гете-институтот.

среда, 15 февруари 2017

Изложба на документарни фотографии „Past is now“ („Минатото е сега“) ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар во Скопје, во организација на Гете-институтот.

На отворањето на изложбата ќе се обратат германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, директорката на Гете-институтот, Тања Кригер и фотографот Александар Кондев.

Изложбата ќе биде отворена до 1 март, а влезот за посетителите е слободен.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 249 пати.