Култура

„Врати кон неоткриеното“ - нова книга на Јован Стрезовски

Во едицијата „Современа македонска проза“ на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје излезе од печат книгата „Врати кон неоткриеното“ од писателот Јован Стрезовски.

среда, 15 февруари 2017

Во едицијата „Современа македонска проза“ на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје излезе од печат книгата „Врати кон неоткриеното“ од писателот Јован Стрезовски.

На страниците од своето најново дело, познатиот писател застапува двесте лирски записи, поделени во три тематски целини.

Јован Стрезовски (1931, Подгорци, Струшко) е автор на десет поетски книги, на шест книги со раскази и на осум романи. За најмладите објавил повеќе прозни и поетски дела.

Според негово сценарио е снимен антологискиот игран филм „Време води“, во режија на Бранко Гапо.
За своето богато творештво е добитник на наградите: „11 Октомври“, „Стале Попов“, „Книжевен жезол“, „Ацо Шопов“ и „Державин“.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 286 пати.