Култура

Ден на основачи во Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој денеска организира Ден на основачи (Founders Day) на кој ќе бидат претставени успешни бизнис приказни на три македонски стартапи, поддржани од Фондот.

четврток, 09 февруари 2017

Фондот за иновации и технолошки развој денеска организира Ден на основачи (Founders Day) на кој ќе бидат претставени успешни бизнис приказни на три македонски стартапи, поддржани од Фондот.

Претставници на стартапите „Гордиан Системи“, „ВапоурАппс“ и „Кликон“ во Контакт канцеларијата на Фондот ќе одговораат на прашања за стартување стартап компанија, обезбедување финансии и за водењето бизнис во Македонија.

Од Фондот за иновации информираат дека ќе се одговара на прашања како се почнува и води бизнис во Македонија, како и каде да се бара финансирање на идеја за бизнис и како да се реализира.

Ќе бидат понудени и иноформации како да се подготви проект за отворениот јавен повик за финансирање на Фондот за иновации и технолошки развој.

Настанот е составен дел од Европската стартап недела, кон која се приклучи Скопје, заедно со уште 220 градови од 40 држави.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 280 пати.