Култура

Струмичкиот карневал од 22 февруари до 1 март, главната поворка на 25 февруари

Организациониот одбор на струмичкиот карневал ја објави програмата за годиеншната манифестација која ќе стартува в среда 22 февруари со детскиот маскембал што ќе се одржи во Голден хол Космополит. Наредниот ден, в четврток ќе се одржи традиционалниот Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“

понеделник, 30 јануари 2017

Организациониот одбор на струмичкиот карневал ја објави програмата за годиеншната манифестација која ќе стартува в среда 22 февруари со детскиот маскембал што ќе се одржи во Голден хол Космополит. Наредниот ден, в четврток ќе се одржи традиционалниот Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“. Истиот ден ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал во струмичката библиотека, а во 19.30 ќе биде отворена изложбата на фотографии од ланскиот карневал.

В петок, 24 февруари претпладнето ќе биде карневалското дружење со гостите од странство, а вечерта во хотелот Сириус ќе се одржи традиционалниот маскембал, на кој ќе бидат одбрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат главната карневалска поворка в сабота на 25 февруари.

Во недела на 26 февруари ќе се одржи традиционалниот детски карневал.

Понеделник е Чист понеделник кога на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ ќе биде послужен бел грав. Претпалендето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, од учесници на 18-от Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.

Во вторник на 28 февруари ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.

Карневалските прослави завршуваат в среда на 1 март со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на Ансамблот Тримери.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 322 пати.