Култура

Објавен вториот број на научното списание „Палимпсест“

Филолошкиот факултет во Штип го објави вториот број од „Палимпсест“ ‒ меѓународно научно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања.

петок, 27 јануари 2017

Филолошкиот факултет во Штип го објави вториот број од „Палимпсест“ ‒ меѓународно научно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања.

Во вториот број се објавени 17 трудови во рубриките „Јазик“, „Книжевност“, „Култура“, „Методика на наставата“ и „Прикази“ од автори од Македонија и од странство. Во трудовите се застапени резултати од нови и интересни истражувања од широките области на филологијата и културологијата.

Меѓународното научно списание „Палимпсест“ се објавува во електронска (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL/about) и во печатена форма во два броја годишно.

Во списанието се објавуваат трудови од областите лингвистика, наука за литературата, методика на наставата и културологија. Исто така, резервирана е и рубрика за прикази, односно за рецензии за најновата продукција (книги, монографии и слично).

Во „Палимпсест“ се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, германски, италијански, француски и турски јазик. Уредувачкиот одбор на списанието е составен од 30 уредници (универзитетски професори) од 17 земји: Македонија, САД, Русија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Швајцарија, Романија, Унгарија, Турција, Индија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија и Србија.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 389 пати.