Бизнис вести

Во ноември 79,8 отсто од потрошената струја од домашно производство

Македонија лани во ноември вкупно потрошила 695.934 мегават часови електрична енергија, 33.459 милиони нормални метри кубни природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти.

четврток, 26 јануари 2017

Македонија лани во ноември вкупно потрошила 695.934 мегават часови електрична енергија, 33.459 милиони нормални метри кубни природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2016 година 79,8 отсто од потрошената електрична енергија во земјава е од домашни извори, а 94,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на струја.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 707 пати.