Бизнис вести

Пристигна петтиот патнички воз за МЖ Транспорт

Петтиот патнички воз купен од кинеската компанија ЦСР за ЈП Македонски железници Транспорт денеска пристигна во Македонија.

четврток, 26 јануари 2017

Петтиот патнички воз купен од кинеската компанија ЦСР за ЈП Македонски железници Транспорт денеска пристигна во Македонија.

Новиот воз е на дизел погон. Треба да сообраќа на линијата Скопје-Гевгелија-Скопје. Раководството на МЖ Транспорт очекува да биде пуштен во редовен сообраќај за 15 до 20 дена, откако ќе бидат извршени потребните тестирања.

ЦСР треба да испорача во Македонија уште еден воз на дизел погон согласно договорот меѓу Министерството за транспорт и врски и ЦСР со кој беа купени шест патнички возови, четири дизел и два со електромотор.
Инвестицијата за набавката на возовите изнесува 25 милиони евра.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 723 пати.