Култура

Oбјавен романот „Војници со гумени чизми“ на Ивица Челиковиќ

Романот „Војници со гумени чизми“ на македонскиот писател Ивица Челиковиќ го објави издавачкиот центар „Три“.

вторник, 24 јануари 2017

Романот „Војници со гумени чизми“ на македонскиот писател Ивица Челиковиќ го објави издавачкиот центар „Три“.

Романот е драматична и страсна приказна за копнежот и љубовта, за растењето и пронаоѓањето на својот животен пат. Челиковиќ (1962) е автор на десетина поетски и прозни дела. По „Зад источната линија“ (2004) и „Седмиот ден“ (2014), ова е негов трет роман.

Челиковиќ е и преведувач од шведски јазик. Превел триесетина дела од познати шведски писатели, меѓу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсоен, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг, Гунар Екелоф, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Микаел Ниеми, Бодил Малмстен, Јонас Хасен кемири и Катарина Фростенсон. Преведува и македонска литература на шведски.

Добитник е на повеќе награди и признанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на Шведска.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 283 пати.