Бизнис вести

Конгрес на женското претприемништво од југоисточна Европа

На 8 март во Загреб ќе се одржи најголемиот конгрес на женското претприемништво од југоисточна Европа ќе присуствуват повеќе од 800 деловни жени од регионот, а организацијата ќе биде во соработка со виртуелниот женски претприемачки центар на Загреб, и стопанската комора на Србија.

понеделник, 23 јануари 2017

Најголем деловен собир на жените претприемачи од Југоситочна Европа, откога постои пазарната економија од овој дел на светот ќе биде конгресот на жените претприемачи од југоисточна Европа кој ќе се одржи на 8 март 2017 година во Загреб. На конгресот ќе присуствуват повеќе од 800 деловни жени од регионот, а организацијата ќе биде во соработка со виртуелниот женски претприемачки центар на Загреб, и стопанската комора на Србија. На манифестацијата ќе учествуваат жени претприемачи од Бугарија, Романија, Албанија, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска. Конгресот ќе биде платформа за размена на искуства, воспоставување на деловни контакти, напредување на деловната мрежа на претприемачите, што ќе им овозможи подобра достапност и опстанок на пазарот во државите од каде доаѓаат,но и во регионот, и со тоа патот до саканиот деловен успех да биде што поизвесен. Иако женското претприемништво не е традиционално вкоренето во економиите на државите од југоисточна Европа, сепак тоа стана едно од најзначајните придвижувачи на економиите во овие земји. Последните години се повеќе жени покренуваат квалитетни стартап бизниси и успеваат да ги развијат своите компании како средни по големина со број на на вработени од 50 лица, а во одредени региони женското претприемништво веќе зафаќа повеќе од 20 проценти од вкупните економски активности. Ова е наведено од организаторите на конгрес.

(Преземено од Танјуг)


 

Содржината е прочитана 896 пати.