Култура

Петта меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми

Шеесетина експерти од 11 држави ќе учествуваат на Меѓународната конференција за културно наследство, туризам и медиуми што од денес по петти пат ќе се одржува во Охрид.

вторник, 17 јануари 2017

Шеесетина експерти од 11 држави ќе учествуваат на Меѓународната конференција за културно наследство, туризам и медиуми што од денес по петти пат ќе се одржува во Охрид.

На собирот насловен „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“, ќе бидат претставени истражувања и сознанија од областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, психологијата и од интердициплинарни помошни науки.

Конференцијата ја организира Институтот за социокултурна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Универзитетот „Селџук“ од Конија, Турција, и организацијата „Мирас“ од Баку, Азербејџан, а е поддржана од Македонската академија на науките и уметностите, Заводот за заштита на спомениците на културата и „Музеј-Охрид“ и Општина Охрид.

Во рамки на конференцијата денес во 12 часот во Спомен-домот на Христо Узунов ќе биде отворена изложба на фотографии и уметнички дела под наслов „Турското уметничко наследство“ изготвена од Центарот за истражување на турски ракотворби при Универзитетот „Селџук“ од Конија.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 316 пати.