Култура

„Домина со боја на месо“ објавен на македонски

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави на македонски јазик бестселерот „Домина со боја на месо“ на летонскиот писател Зигмундс Скујинш, кој е објавен во 1999 година и продаден во седум милиони копии низ Европа.

четврток, 12 јануари 2017

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави на македонски јазик бестселерот „Домина со боја на месо“ на летонскиот писател Зигмундс Скујинш, кој е објавен во 1999 година и продаден во седум милиони копии низ Европа.

- Станува збор за прекрасно напишан надреалистички роман со политичка алегорија. „Домина со боја на месо“ го транспортира читателот помеѓу благородништвото на осумнаесеттиот век и животот на нараторот во модерниот свет. Конекцијата помеѓу двете нарации станува јасна во хипнотичката фантазија на љубовта, страста и загубата, додека Скујинш создава дело со сублимирана уметност кое е забавно, возбудливо, поучно и филозофско, во иста мерка, соопшти издавачот.

Зигмундс Скујинш е еден од најпознатите летонски писатели од крајот на дваесеттиот век. Роден е во Рига во 1926. Неговите дела се преведени во повеќето земји во Европа, а дел од нив се адаптирани во филмови. Добитник е на голем број летонски и меѓународни литературни награди, вклучувајќи животен грант од Летонската државна фондација за културен капитал.


(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 423 пати.