Бизнис вести

Покана до компаниите за учество на тематскиот ден „ЗДРАВЈЕТО И УБАВИНАТА ВО ФУНКЦИЈА НА СОВРЕМЕНАТА ЖЕНА“ во организација на агенција „Марили“

Агенција „Марили“ годинава по трет пат ќе го организира таматскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ кој ќе се одржи на 29.03.2017 година во Мулти Бизнис Центар на Скопски Саем. Компаниите ќе имаат можност да се претстават со свои предавања и штандови и да понудат едукации и информации од областа на медицината, фармацијата, козметологијата, здравата исхрана,модата,фитнес, бизнис психологија – се што придонесува за современиот и здрав живот.

среда, 11 јануари 2017

Агенција „Марили“ годинава по трет пат ќе го организира таматскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ кој ќе се одржи на 29.03.2017 година во Мулти Бизнис Центар на Скопски Саем. Проектот е замислен да придонесе кон информирањето и едукацијата пред сè на женската популација кон современите форми на живот кои што ќе го подобрат секојдневието на секоја жена особено на вработената, која е во постојана трка помеѓу домашните и приватните обврски, и треба повеќе да биде свртена кон своето здравје, нега и убавина. За таа цел ќе бидат направени поголем број на едукации од стручњаци од областа на медицината, фармацијата, козметологијата, модата, здравата исхрана, бизнис психологијата и сл. 

Истовремено, со свои презентации на штандовите ќе се презентираат компаниите од истите дејности и ќе ги претстават своите препарати, производи и услуги со можност за директна комуникација и објаснувања кон посетителите за сите поволности кои ги нудат нивните производи за здрав и современ начин на живот. Посетителите освен што ќе се едуцираат и информираат, ќе имаат можност со бесплатната влезница да се здобијат и со атрактивни награди од компаниите учесници на тематскиот ден преку наградно извлекување по случаен избор на бесплатните влезници. 
Ги покануваме сите заинтересирани компании да го погледнат видеото поставено на порталот на агенција „Марили“ (сликата десно е од нашиот портал www.marili.com.mk  каде може да сe изгледа целото видео) за да го добијат вистинскиот впечаток од минатогодишниот тематски иден и да го пријават своето учество за наредниот, а дополнителни информации ќе добијат на контактите на агенција „Марили“: тел. 02/3128155 и е-мејл: marili@marili.com.mk .
 

Содржината е прочитана 864 пати.