Култура

Македонски автори во антологија на европски расказ

Писателите Славчо Ковилоски, Ранко Младеноски и Христо Петрески се застапени во антологија на европски раскази со наслов „Дарови на европскиот расказ“, која беше промовирана во неколку балкански градови.

вторник, 10 јануари 2017

Писателите Славчо Ковилоски, Ранко Младеноски и Христо Петрески се застапени во антологија на европски раскази со наслов „Дарови на европскиот расказ“, која беше промовирана во неколку балкански градови.

Покрај тројцата македонски писатели, во антологијата се вклучени и педесетина автори од 15-ина земји, како и ромски автори.

Приредувач на антологијата е Здравко Кецман, според кого „Дарови на европскиот расказ“ е слика на Европа, како посебен културолошки континент.

За македонскиот расказ Кецман ја истакнува поврзаноста со светите браќа Кирил и Методиј, истакнувајќи дека „и современите писатели негуваат цврста врска со митот, легендата и традицијата во поширока смисла, јазикот им е моќен, еруптивен, со силни чувства и сетила. Таа поврзаност ги држи и со преостанатите балкански народи“.
Антологијата содржи и библиографски податоци на застапените автори.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 362 пати.