Интервјуа

Интервју со госпоѓа Верица Пандиловска Гичева, извршен директор за продажба и маркетинг на „Цептер ХААС“ - Македонија

Монотерапијата со BIOPTRON е за нашето секојдневје, се користи за дополнително лекување на хронични болести, во физикалната медицина и за рехабилитација на болни, по хронични болести, за лица што се инвалиди или се подложени на долга рехабилитација. Ова е апарат при чија употреба НЕМА КОНТРАИНДИКАЦИИ, БЕЗ УВ-ЗРАЦИ, безбеден е, се користи буквално во сите области на медицината, нема ограничување на возраст, може да се применува и за новороденчиња и за стари и изнемоштени лица.

вторник, 27 декември 2016

МАРИЛИ: Почитувана г-ѓа Пандиловска Гичева, колку време сте на позицијата извршен директор за продажба и маркетинг на „Цептер ХААС“ - Македонија, односно што беше главен мотив да работите за „Цептер“ , имајќи предвид дека на јавноста најмногу сте ѝ позната како естрадна уметница?

ПАНДИЛОВСКА ГИЧЕВА: Во 2013 година се вработив во компанијата „Цептер интернационал“ и почнав како најобичен консултант во брендот „Хоум арт“. За кратко време станав менаџер на сопствен тим соработници. Во октомври 2015 година станав извршен директор за продажба за брендот „Медикал“. Мора да кажам дека во компанијата дојдов заради мојот сопруг (тој стана дел од семејството „Цептер“ една година пред мене) и нашиот интернационален директор Никола Стојаковиќ. Висококвалитетните производи, реномето и 30-годишното постоење ми беа мотив да станам дел од компанијата „Цептер интернационал“. Таа е формирана во 1986 година во Линц, Австрија, а во моментов поседува повеќе од 320.000 квадратни метри деловен простор. Присутни сме на пет континенти, во повеќе од 62 земји во светот. Досега имаме повеќе од 80 милиони задоволни корисници и над една милијарда продадени производи. Имаме развиена консултантска мрежа од 120.000 вработени во светот. Нашите производи се продаваат на специфичен начин, односно купувачот секогаш е познат и исклучиво се применува нарачка. Имаме седум фабрики лоцирани во Италија, Швајцарија и во Германија. Производите на „Цептер“ се распределени во пет бренда: Zepter HOME ART во кој се претставени садовите за приготвување здрава храна, Vacsy систем за вакумирање и чување храна, порцелани, есцајзи, луксузна програма на чаши, неколку линии на ножеви за професионална и домашна употреба (пред две години компанијата го купи брендот Felix Solingen), Мixsy и More Juice Press што е последен модел на соковник со најнова ултем технологија. Zepter COSMETICS е бренд во кој е претставена нашата врвна козметика, изработена исклучиво од ехинацеја и рунолист, без парабени! Козметиката се изработува на специфичен начин во нашата швајцарска фабрика лоцирана под Алпите. Се користат билки што растат во подножјето на планината и најмногу два часа по собирањето се дробат и целосно се внесуваат во процес на изработка за производство, односно не се земаат екстракти од нив. Имаме неколку линии: Baby Line е комплетна линија за нега на најмалите членови на семејството - бебињата, која е без парабени, хипоалергена; Swiss Nature е линија за адолесценти; Swisso Logical е линија за глобален anti aging; La Danza е линија за жени над 50 години, пред еден месец ги промовиравме двата нејзини совршени серуми за лице и за околу очи; Sun Care е линија за сончање; и Philip For Mеn линијата за мажи. Во брендот Zepter Home Care се претставени два врвни прочистувачи на вода од водоводната инсталација - Aqueena Pro и Edelwasser. Во овој бренд спаѓаат и правосмукачките од висока класа Tuttoluxxo 6S/6SB и парочистачот Tuttosteamy. Zepter Luxury е бренд за луѓе со префинет вкус и стил, во него се претставени нашите врвни швајцарски часовници за мажи и за жени, пера со мастило, пенкала и женски ексклузивен накит облагороден со елементи Сваровски. Во брендот Zepter Zepressoе е претставен нашиот апарат Zepresso со пет вида италијанско еспресо кафе: Inteso, Barista, Royal, Ristretto, Decaffinato. Тука се Zepter Medical и брендот Zepter Finance што наскоро ќе го има и во Македонија.

МАРИЛИ: Со што се занимава „Цептер Медикал“-Македонија и на што е ставен фокусот во овој период?
ПАНДИЛОВСКА ГИЧЕВА:
Многумина не знаат дека „Цептер“ го има брендот MEDICAL што исклучиво се занимава со медицина. Стратегиски производ е системот за светлосна терапија BIOPTRON. Тука е и THERAPY AIR ION, прочистувач на воздух во затворени простории, еден од најпродаваните производи во 2015 година. Системот за светлосна терапија BIOPTRON е испитан, потврден и сертифициран, клинички докажан апарат, се појави во 1988 година и го има во сите земји во Европа и во Америка. Апаратите (Medall, PRO 1 и Bioptron 2) ги сертифицираше компанијата FDA, што е основно за менаџмент со болка, профилактика, односно превенција. Се спречуваат различни типови заболувања и, секако, се превенира. Монотерапијата со BIOPTRON е за нашето секојдневје, се користи за дополнително лекување на хронични болести (сè повеќе има луѓе што страдаат од хронични болести), во физикалната медицина и за рехабилитација на болни, по хронични болести, за лица што се инвалиди или се подложени на долга рехабилитација. Ова е апарат при чија употреба НЕМА КОНТРАИНДИКАЦИИ, БЕЗ УВ-ЗРАЦИ, безбеден е, се користи буквално во сите области на медицината, нема ограничување на возраст, може да се применува и за новороденчиња и за стари и изнемоштени лица. Се користи за лекување, рехабилитација, но секогаш првенствено за превенција. Тоа е единствен апарат што се користи за природен anti aging, а доказ за тоа е највисокото признание на Саемот за естетика и медицина во Париз 2014 година што го добивме. Секој од нас се бори со годините и со стареењето, а БИОПТРОН ни е најдобар сојузник во секојдневната борба!

МАРИЛИ: Кажете ни нешто повеќе за апаратот Биоптрон, на кој принцип работи и што може да се лекува и да се превенира со него? Зошто Биоптрон светлината се разликува од другите уреди за светлинско лекување што ги има на пазарот?
ПАНДИЛОВСКА ГИЧЕВА:
Тоа е систем на светлосни зраци што ги емитира апаратот, лекарите ја нарекуваат бела светлина. Се карактеризира со ПОЛАРИЗАЦИЈА, ПОЛИХРОМАТИЧНОСТ, НЕКОХЕРЕНТНОСТ И НИСКА ЕНЕРГИЈА. Поларизацијата е само концентрирана светлина. Всушност, само светлина што е концентрирана може целосно да биде апсорбирана од нашите ќелии, а тоа е и наша цел! Исто така, таа е полихроматична или светлина во повеќе бои, а секоја боја има посебна улога во лекувањето. Таа е некохерентна, односно има ист интензитет, независно од тоа колку долго се прави една процедура, секогаш се чувствува ист благ топлински ефект. Исто така, нејзината енергија толку е ниска што не може да ја оштети ќелијата, но и толку е силна што во телото се постигнува силен биостимулирачки ефект. Во моментот кога се третира со Биоптрон почнува активацијата на целото тело, односно стимулација на ќелиите на централниот нервен систем, очите (иако се затворени), ушите, на респираторниот, дигестивниот систем, кожата, мускулите, хормоните. Буквално СЕ АКТИВИРА ЦЕЛО ТЕЛО! Светлината влегува во организмот како негативен фотон и телото, односно ќелиите ја апсорбираат и со апсорпцијата се создаваат нежни треперења што се шират насекаде низ капиларите. Тие нежни треперења се биостимулација што активира секундарна реакција што не е ограничена само на делот на кој се третира (на пример, лицето) туку дејствува на цело тело. На овој начин светлината му помага на телото да ослободи сопствен потенцијал за самоизлекување и го активира имунолошкиот систем. Што се случува во телото? Се забрзуваат микроциркулацијата и активноста на метаболизмот, се јакне имунитетот, а кога ќе се постигне тоа, ќелиите брзо се обновуваат, ткивото се регенерира, се намалува интензитетот на болката и раните побрзо зараснуваат.
Ова е целата филозофија на дејствувањето на Биоптрон врз нашето тело и затоа лекарите од цел свет ја препорачуваат светлосната терапија. Оваа светлина најмногу ќе се користи за превенција за да се спречи развивање на болест. Превенцијата е за здравите. Сигурно кај половина од луѓето има барем еден ризичен фактор за развивање кардиоваскуларни болести, познати како убиец број 1 во светот, а тоа важи и за Македонија. Одделете 10 минути од времето за своето срце и со тоа спречете настанување на мозочен удар, инфаркт и на сите други проблеми што ги носат овие болести, а третманот ќе биде добар и за сè друго. Најверојатно се прашувате каква врска има Биоптрон светлосната терапија со срцевите заболувања. Дали тие болести настануваат од неправилна и нездрава исхрана? Која е основната причина за појава на кардиоваскуларни заболувања? Одговорот е: СТРЕС, НЕДОВОЛНА МИКРОЦИРКУЛАЦИЈА И ЛОШ ХОЛЕСТЕРОЛ. Тоа е холестерол што интензивно се произведува во телото затоа што со часови на уво се држи мобилен телефон, затоа што 10-15 часа се седи пред компјутер. Токму затоа треба да се примени заштита од тоа зрачење што е основна причина се кардиоваскуларни болести. Како да се спречат инфаркти и удари? Со контролирање на стресот, со добра микроциркулација, со намалување на лошиот холестерол се прочистува организмот, се отстрануваат сите оксиданси, сите слободни радикали, кои се причина за стеснување на крвните садови, исто така, може да се откине дел од ДНК и да се претвори во клетка на канцер, се предизвикуваат автоимунолошки заболувања, дијабетес и многу други болести. Со Биоптрон се прави превенција за грипозни заболувања. Секоја година се случува млади луѓе да умрат од инфекција на грип. Исто така, оваа инфекција остава последици - оштетување на срцето, крвните садови, црниот дроб, бубрезите, белите дробови, а проблеми се појавуваат по прележана бронхопневмонија и менингитис. Со Биоптрон и со една кратка терапија може да се зајакне имунолошкиот систем, така што и ако се добие инфекција на грип (во тој случај даваме гаранција) да нема никакви компликации. Со Биоптрон се прави профилактика. Колкумина имаат постојана главоболка? Кога ќе се појави главоболка, обично се користи само еден лек - аналгетик, затоа што се верува дека ќе помине. Има многу причини за нејзина појава: синузитис, воспаление на уво, воспаление на нерви (пареза фацијалис), психогена болка, стеснување на вратните прешлени и контракција на мускулите и спазми. Токму затоа треба да му се помогне на телото за да се реши причината за создавање на главоболката. ДИЈАБЕТЕС. Десет проценти од жителите во Македонија имаат дијабетес. Кај секој четврти човек што го има ова заболување се јавуваат компликации, најчесто тоа се губење на видот, развивање дијабетска ретинопатија, оштетување на бубрезите. Исто така, денес многу честа компликација е дијабетното стапало, кое се манифестира кај секој четврти дијабетичар, познато како непријатна нога, а тоа веќе е гангрена. Може да се пофалиме дека со Биоптрон беа спречени неколку ампутации. Со Биоптрон се постигнати исклучителни резултати, кои се клинички тестирани, при лекување болка, рани, кожни проблеми, депресија и, секако, при различни медицински состојби кај децата.Кога зборуваме за ЛЕКУВАЊЕ БОЛКА, ние имаме наше мото: „ВКЛУЧЕТЕ ГО ВАШИОТ БИОПТРОН И ИСКЛУЧЕТЕ ЈА БОЛКАТА“. Тоа е навистина така кога станува збор за ревматологија, физикална медицина и рехабилитација или спортска медицина. Во однос на ревматологијата, со БИОПТРОН се постигнати најдобри резултати кај дегенеративните промени на коските: гонартроза, коксартоза, остеохондроза на ’рбет, на колкови, ревматоиден артритис што е сериозна автоимунолошка болест.
Во областа на физиотерапијата, во случај кога се јавува здодевна болка во вратот и во рамената (проблем со кој секојдневно се соочуваат 80% од луѓето поради стеснување на вратните прешлени, спазми на мускулите и притисок на нервните завршетоци што тогаш се воспалуваат и болката не престанува со месеци и години), болка во долниот дел на грбот, синдром на карпалниот тунел, рани. Во делот на спортот и спортската медицина најдобри и најбрзи резултати се постигнуваат при набивања, контузии, фрактури, тендинитис, тениски лакот или болка што е предизвикана од изместување на дискот од лежиштето. Со Биоптрон може да се спречи болка при која се има чувство како по грбот да се поминува со бодлива жица, како и многу други проблеми.
Биоптрон лекува и КОЖНИ БОЛЕСТИ, кои не се опасни по живот и затоа обично се занемаруваат, а, всушност, се причина за зголемениот број на депресии и, за жал, се наоѓаат на трето место на болести во светот. Кожните проблеми често се непријатни за око, чешаат, болат, загнојуваат и луѓето избегнуваат контакт со блиските лица. Тоа се: акните, херпес зостер и херпес симплекс, псоријаза, површинските бактериски инфекции, габичните инфекции, а инфекциите на слузокожата и афтите може да бидат сериозен проблем и кај децата и кај возрасните. Со Биоптрон успешно се третира и атопичен дерматитис. Кожа на која е манифестиран турбот со терапија со Биоптрон станува сјајна по три месеци, а само некаде останува мало црвенило. КОРИСТЕТЕ БИОПТРОН И ЖИВЕЈТЕ ПОДОЛГО! Зошто, бидејќи не се регенерираат само ќелиите што се гледаат на лицето и на рацете. Биоптрон помага да се продолжи животот и им дава нов живот на сите ќелии во ткивото што може да се регенерираат. За жал, не може сè да се регенерира, па човекот не е бесмртен и животот има одредена должина.

МАРИЛИ: Дали постојат научни истражувања за тоа колку примената на Биоптрон е безбедна и дали може да се користи без претходна консултација со лекар?
ПАНДИЛОВСКА ГИЧЕВА: Повеќе од 100 години се вршат испитувања на поларизираната светлина. Од 1967 година до денес се објавени повеќе од 2.500 клинички студии во светот. Ќе споменам неколкумина што работеле во оваа област: проф. д-р Sergiy Gulyar, раководител на Институтот за физиологија „Богомелц“, Национална академија за науки на Украина; д-р Michael T. McNamara, специјалист за болка и спортски повреди, пациенти му биле кошаркарите Мајкл Џордан и Меџик Џонсон, тенисерот Новак Ѓоковиќ, фудбалерите Тиери Анри и Фабијан Бартез; проф. д-р Anatoliy L. KOSAKOVSKYI, шеф на катедра и проректор на „Шипик“ - Национална медицинска академија за постдипломски студии, Министерство за здравје на Украина, има исклучителни и напредни истражувања за инфламаторни заболувања на уво, нос, очи и слузницата на устата, за третирање на различни повреди и заболувања на кожата; д-р Bogdan Dimitrie Niculae, претседател на Антиејџинг асоцијација на Романија и главен дерматолог на клиниката „Ласермед“, има објавено голем број научни истражувања за повеќекратно забрзување на лекувањето и редуцирање на постоперативни инфекции кај деца и кај возрасни.

МАРИЛИ: Дали во центарот „Цептер Медикал“ се прави едукација и обука за негова употреба и со колку типа Биоптрон апарати располагате?
ПАНДИЛОВСКА ГИЧЕВА:
Во декември 2015 година беше отворен центарот „Биоптрон“ во Македонија, по пример на сите други земји во кои постои „Цептер интернационал“. Сите што сакаат да слушнат и да видат како работи и дејствува уредот може да го посетат центарот, а може да се пробаат и неколку бесплатни терапии. Исто така, во центарот се врши и обука на нови кадри за работа во компанијата. Ние сме единствени по тоа што можеме дневно да вработиме стотици луѓе. Повторно ќе потенцирам дека Биоптрон може да се користи во домашни услови за општа благосостојба и превенција и без консултација со лекар, но ако клиентот сака може да се консултира со специјалист. Секаде во светот лекарите го препорачуваат Биоптрон. Апаратот не дава контраиндикации, привилегија е што може да се користи во домот, но го има и во клинички центри, ординации, центри за рехабилитација, козметички и спа-центри. Тука е и СВЕТЛОСНАТА КОЛОР ТЕРАПИЈА, која е дополнителна и се користи со апаратот. Тоа е природен холистички начин за подобрување и зачувување на здравјето, но и на убавината. Постојат три вида уреди Биоптрон: MEDALL, PRO 1 и BIOPTRON 2. Сите имаат ист квалитет, но колку што е поголем дијаметарот на филтерот, толку повеќе и побрзо влијае врз здравјето и многу брзо ќе се види терапискиот ефект. Исклучително е важно да се внимава на оддалеченоста и на аголот на самото дејствување. Оваа светлина секогаш треба да паѓа во прав агол.
Покрај Биоптрон за дополнително лекување при хронични болести, тука се и боите и колор терапијата. На сите би им препорачала комплет. Значи, задолжително користење на апаратот заедно со колор терапија.
Биоптрон лекувачката светлина е дел од нашето семејство! Биоптрон е наш приватен доктор во домот! Наша сопствена здравствена клиника!
Паметен начин на живот со медицинскиот уред што го подобрува здравјето. Ние немаме конкуренција, сами на себе сме си конкуренција. Ние им овозможивме здравје на повеќе од три милиони корисници на апаратот Биоптрон во светот. На сите би им посакала да се одржуваат здраво со помош на системот на светлосна терапија Биоптрон на „Цептер интернационал“.
 

Содржината е прочитана 864 пати.