Култура

Промоција на компакт-диск на обоистот Васил Атанасов

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовиран компакт-диск на обоистот Васил Атанасов, насловен „Fantastic pieces“.

петок, 23 декември 2016

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовиран компакт-диск на обоистот Васил Атанасов, насловен „Fantastic pieces“.

Новото ЦД е по повод 40-годишната кариера на музичарот, која годинава тој ја одбележа со повеќе концерти во Македонија и во странство.

По повод јубилејот во април имаше и гала-концерт „Васил и пријатели“ во Македонската опера и балет, а ја доби и наградата „Златна лира“ за животно дело од Сојузот на музички уметници на Македонија.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 385 пати.