Здравје/ Убавина

Предновогодишен биланс, за баланс во новата година

Сведуваме, анализираме, организираме, подредуваме, се да дојде на свое место и трошоци и добивки, и приходи и расходи и извештаи. Време кога Т сметките треба да дојдат до салдо 0. Така е со билансите и секоја компанија го прави тоа.

четврток, 22 декември 2016

Сведуваме, анализираме, организираме, подредуваме, се да дојде на свое место и трошоци и добивки, и приходи и расходи и извештаи. Време кога Т сметките треба да дојдат до салдо 0. Така е со билансите и секоја компанија го прави тоа.

Дали ние некогаш сме го анализирале, свеле, организирале и подредиле личниот биланс за било која од претходните години. Дали сме напишале извештај или барем некаков потсетник за тоа што ја одбележало изминатата година, каде сме влегле во минус, што сме постигнале и сме ставиле во плус, затоа што животот е токму тоа, нагоре и надолу. Но она што, драги мои, нè разликува од секој друг и ја дефинира личноста, кој сум јас, како постапувам, е токму справувањето со настаните, моментите, доживувањата на секоја ситуација што ни се случува. И токму тоа справување со ситуации, нè дефинира како реагираме, како ги разрешуваме или не ги разрешуваме состојбите, ситуациите, животот.

Овој пат предлагам секој од вас да си направи свој Биланс. Искрено и чесно со самиот себе. На што сме горди, на што не сме, дали се критикуваме или се поддржуваме. Секогаш на крај се заокружува нешто, ајде да заокружиме една свесност за здраво и одржано сведување на настаните кои ви ја одбележаа изминатата година. Со нотирање на настаните, на силните доживување (независно дали се позитивни или негативни) битно е дека биле амплитудни и сме ги запаметиле, оставиле трага. Малку свесност за тоа како сме ги надминале состојбите или не сме ги надминале се уште. Да инвестираме време во размислување како можеме да ги надминеме состојбите, кои сè опции ги имаме, и какви сè избори можеме да направиме.

За позитивните пак доживувања и настани, помислете уште еднаш и навратете се на нив. Нека вибрациите се повторат и запаметат како фрекфренции со кои сте вибрирале додека се случувало, но и додека си ги поминувате повторно во мислите. Нотирајте ги на лист хартија, но за секако запаметете го нивното влијание на зголемување на енергијата, полетноста, животноста во вас самите. И зачувајте ги како најдрагоцени камења за секогаш, за да си ги повикувате во оние моменти кога ни се случува да немаме идеа за надминување на некоја ситуација. Чувајте ги како бесценети моменти за кои вредело се да се помине и надмине.

Ставете ги на Т сметка своите добри и не толку доби мемории. Погледнете ги, соживувајте се додека гледате колку добро или не толку добро се случувало изминатата година. Со одговорна свесност за секоја од нив, прифатете ги како дел од себе, и дел од животот и размислете како од оваа дистанца би се справиле. Простете си за се и посакајте си себе си во Новата Година една мудрост и свесна одговорност која ке ве надгради. Самокорегирајте се, додавајте си, потврдете се, одземајте си и пресметувајте се како би биле подобра личност. Самата размисла и посветеното време и енергија е инвестиција. Сте инвестирале во себе си. И тоа е многу силен увид. Зачувајте го како драгоценост од оваа година, поттикнати од овој текст како потсетување дека самите можете. И така и е!

На крајот, доколку си запишавте на ливче, направете си свој ритуал на горење и испразнување од бремето на оваа година, за да бидете спремни за предизвиците од наредната.

Ви посакувам искуствена, холистичка, свесна, исполнета и вредна за живеење Нова 2017 година.


Ваш Холистички Едукативен Институт
Жаклина Димовска
 

Содржината е прочитана 532 пати.