Македонија

ССК ќе ги промовира билатералните можности за развој на зимскиот туризам

Специјални понуди за македонските туристи предвидува меморандумот за соработка што денеска ќе го потпишат Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и туристичката организација „Златибор“ од Србија.

четврток, 22 декември 2016

Специјални понуди за македонските туристи предвидува меморандумот за соработка што денеска ќе го потпишат Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и туристичката организација „Златибор“ од Србија.

Целта на меморандумот е да се зголеми соработката во зимскиот туризам меѓу двете земји.

- Зимскиот туризам нуди можности за зголемување на протокот на индивидуални туристи и групи меѓу Македонија и Србија во двете насоки. Ќе се нудат атрактивни македонски и српски зимски дестинации за размена на туристи и за зголемување на бројот на гости од двете страни, информира ССК.

Туристичката понуда и специјалните попусти ќе бидат презентирани пред претставници на туристички агенции и организации во Република Македонија, на спортски, младински, работни и пензионерски здруженија, синдикати, работодавачи и претставници на бизнис секторот.

На промотивниот настан ќе бидат претставени и сите новитети за претстојната 2016/2017 сезона, како и можностите за директна професионална соработка.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 295 пати.