Култура

Изложба на дела од 23. Интернационална кичевска ликовна колонија

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дела создадени на 23. Интернационална кичевска ликовна колонија, која се одржуваше од 2. до 16 јули 2016 година.

вторник, 20 декември 2016

Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дела создадени на 23. Интернационална кичевска ликовна колонија, која се одржуваше од 2. до 16 јули 2016 година.

На Колонијата оваа година учествува 23 уметници од 13 држави: Македонија, Израел, Северен Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан, Хрватска, Косово и од Турција.

Тие изработија 65 дела во различна техники: акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, како и четири склуптури од метал и една од дрво.

- Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор, се обидува да воспостави нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја открие вистината и од онаа страна што ни е помалку позната. Тоа беше комуникација или нова визуелна размена на мислења, соопшти Музеј на Град Скопје за делата изработени на Колонијата во Кичево, кои на изложбата ќе може да се видат до 10 јануари 2017.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 318 пати.