Здравје/ Убавина

Консумеризам и култура на исхрана

Понуда!, Понуда!, Понуда!, Распродажба!, Купи едно, другото е „гратис“!, Земаш две, третото е бесплатно! ... Блек фрајдеј! ... и така натаму, итн. Ви звучи познато?

понеделник, 19 декември 2016

Понуда!, Понуда!, Понуда!, Распродажба!, Купи едно, другото е „гратис“!, Земаш две, третото е бесплатно! ... Блек фрајдеј! ... и така натаму, итн. Ви звучи познато?

Здрава храна, енергетски балансирана, здравјето во вашиот милк шејк, заменете оброк со ... крцкави и диетални, органски и без мрснотии, безглутеински и уште колку слични и многу други маркетингшки одлично, звучно и привлечно пласирано со додатоци на музика, звуци, бои. Секојдневно сме соочени со безброј вакви производи. И сето тоа само за да се продаде произведеното. Да се добие дел од „колачот“ на консументи на пазарот.

ГМО, додатоци со кои хемиски се прскаат зеленчуковите и овошните насади, хормони, јаглерод моноксид, надминати мерни единици на загаденост на воздухот - се чини како да сме опсадени од сите страни.

Имајќи го предвид горенаведеното, останува сами да процениме што да купиме и кој производ да го консумираме, иако опкружени со премногу информации за пондата на производи чија вистинска вредност како здрава храна не ја знаеме , но повеќе и не мислиме на ова, битно е да купиме храна. Е, да, драги читателки и читатели, и едното и другото има свои аргументи. Но ништо не е само црно и ништо не е само бело. Затоа да го видиме балансот што треба да се одреди за тоа што е околу нас. Прво, колку време имаме да бидеме вистински информирани за квалитетот и потеклото на храната, каков избор имаме на пазарот, потоа донесувањето правилна одлука што да избереме од тоа што нè опкружува.

Имаме ли култура на живеење, на исхрана и дали воопшто знаеме што е тоа. Има технички, физички, но и духовни аспекти. Постои ритуал со кој храната се донесува како оброк пред нас, на трпеза, независно дали во ресторан или дома.

Редослед на ритуалот:

1. Што и да изберете на пазарот или во маркетот поврзете го со храната. Тоа што го купувате, купувајте го само кога навистина ви е потребно.

2. Ако е зеленчук или овошје не заборавајте плодовите да ги ставите во вода со сода бикарбона додека работите нешто друго во кујната. Таа ќе извлече, ќе неутрализира дел од вештачките примеси што се користат за така да изгледаат продуктите.

3. Уживајте во подготвувањето на храната, внесете дел од себе, креирајте, пијте вино додека готвите, почувствувајте се боемски. Бидете горди на тоа што го правите - пита, сос, манџа, супа, салата... - вие сте креаторот.

4. Послужувањето направете го во свој стил. Ако сакате да употребувате сервиси и специјални чинии за храната, ако тоа ве исполнува, правете така. Ако, пак, тоа не ви е битно, користете ги садовите што ги имате, но декорирајте со магдонос, маслинка, парчиња домат или пиперка, морков. Исто така, боите се важен дел од уметноста во ритуалот.

5. Не заборавајте да ставите свеќичка, цветче, навечер или дење, ефектот е значаен и за вас лично и за другите со кои го споделувате оброкот.

6. Не заборавајте пред јадење да ги кажете зборовите за благодарност или молитва за да биде благословено јадењето. Ова е особено важно за да се балансираат енергиите на оној што готвел и на оние што консумираат. Мошне важно е ова да го направите кога се храните во ресторан. Храната има енергија. Храната содржи вода. Водата носи мемориски панели во себе и помни, според истражувањата на руски и јапонски научници за потенцијалот на водата на атомско ниво и пренесување на информации, а нив ги примаме преку храната.

7. Гответе со љубов и таа ќе се пренесува во енергијата на храната. Но бидете свесни дека така како што може преку храната да се пренесе љубовта, тоа може да се случи и со нервозата, стресот, лутината и со други непосакувани енергии. Затоа благодарноста и молитвата се тука за да ја поларизираат храната со позитивна вибрација, а потоа слободно уживајте во оброкот. Со овој ритуал јадењето ќе биде вкусно.

8. Јадете мали залаци, пред сè, за да не се засркнете, да ја почувствувате храната и во усната празнина да се разбудат сите сензори на вкусови за да биде уживањето целосно.

9. Џвакајте полека сигурни дека го внесувате токму тоа што ви е потребно, дека со оваа храна ќе ги добиете сите потребни материи во телото и дека со секој залак до секој дел од вашето тело ја праќате сета љубов и благодарност. Освен енергетскиот потенцијал и културното јадење, со долгото џвакање му помагате на телото при разградувањето на храната најнапред физички во устата, а потоа со ензимите во желудникот за да се разложи до најпрости елементи за едноставна и целосна апсорпција. Вака и на цревните ресички ќе им биде поедноставно да ги селектираат потребните материи, а со долгото џвакање ги зачувуваме и од замастување.

10. Друг ефект од долгото џвакање на храната е дека му правите услуга на здравјето, а кога јадете внимателно, со љубов и посветеност, никогаш нема да се прејадете. Научно е докажано дека со спорот џвакање на храната се разградува до најпрости материи и е лесно апсорпционо за цревните ресички. Исто така доколку споро се соџвакува храната значи се јаде оброкот подолго и самиот организам во својата размена на материи има доволно време да го информира мозокот дека се задоволило до потребни материи и престанува консументот да јаде – наспроти ефектот од брзо јадење и прејадување. Ова е услуга на сопственото здравје. Ефектот од правилното џвакање на храната е дека информацијата за ситост има време да дојде до клетките на мозокот, а тој му праќа сигнали на желудникот дека е доволно количество консумирана храна и вие престанувате да јадете навреме и не се прејадувате.

Храната што ни е потребна за еден оброк треба да е во големина на една тупаница. Да, да токму колку тупаницата што можете да ја направите со дланката. Тоа е оптималната количина за да се најадете и притоа да не ви биде оптоварен организмот и, се разбира, јадете во одредени интервали, неколкупати дневно, но не по 18 часот.

Треба да јадеме здраво, а не набрзина, во големи колични и инстант храна. Затоа треба храната да се подготвува со креативен пристап за аранжирање на оброкот кој е духовен со самото тоа што е вклучена креативноста на аранжирање, додатоткот на бои го задоволува и ефектот на исполнување на живоста на оброкот – што е перцепција на умот) И затоа ова е свесно јадење – со задоволување на повеќе нивоа на внимание при исхраната.

Отсега натаму секој оброк да ви биде РИТУАЛ. И ќе се соочите со нова димензија на вкусот на храната. Ако сте дисциплинирани и ова го правите подолго од еден месец, ќе забележите дека се менува тонусот на вашето тело, а по неколку месеци може да имате неколку килограми помалку ако со внимание се исхрануваме со посвета на сите аспекти да се задоволени, тогаш за сигурно ке ослабите само со посветеноста на ритуалот и свесното јадење. Ставата на физичкото тело ке се измени, ке се дефинираат мускули наспроти масно ткиво, зависно од индивидуата може да намали и килограми – значи слабеење во склад со генетската градба/структура на телото).

На здравје!

 

Холистички едукативен институт 

Мр. Жаклина Димовска

 

 

Содржината е прочитана 558 пати.