Бизнис вести

Наградата „Најдобра банка во Македонија“ од Банкер за Охридска банка

Охридска банка Сосете Женерал ја завршува годината како добитник на интернационалната награда „Најдобра банка во Македонија“’ доделна од „The Banker“.

четврток, 15 декември 2016

Охридска банка Сосете Женерал ја завршува годината како добитник на интернационалната награда „Најдобра банка во Македонија“’ доделна од „The Banker“.

Информацијата ја соопшти денеска менаџментот на Банката на средба со новинари.

- Ова е многу голем успех на нашата банка. 2016-та година е исклучително успешна за Охридска банка Сосиете женерал. Во банкарството, на светско ниво, постојат три најважни авторитети Global finance, публикација на Светска банка од Вашингтон, Euromoney од Лондон и The Banker, публикација на магазинот Financial times, кој оваа година слави 90 години постоење. Охридска банка оваа година доби награди од сите три институции за најдобра банка во Македонија, истакна Бранко Павловиќ, претседател на УО на Охридска банка Сосиете женерал.

Како што беше посочено на средбата со новинарите во 2016 гопдина Охридска банка бележи раст во сите сегменти од работењето. Во првите три квартали од годинава остварена е нето добивка за 15 проценти повисока од онаа во тој период лани. Растот на вкупниот биланс на состојба изнесува 9,6 отсто, зголемувањето на кредитните пласмани 12 отсто, додека депозитите на населението се зголемени за 5,7 проценти. Нефункционите кредити се 5,7 проценти.

Според Павловиќ овие дотигнувања се резултат на кориснички ориентираната стратегија на банката. - Нашите клиенти и нивните потреби се примарен фокус во креирањето на понудата и пласманот на производи и услуги.
Нашата цел е да бидеме прв избор на корисниците и најпрепорачана банка во Македонија, рече таа и додаде дека остануваат фокусирани на потребите на клиентите, преку обезбедување инвативни и поволни производи и услуги за нив.

Павловиќ истакна дека по вчерашното намалување на каматната стапка на благајничките записи од страна на НБРМ не се очекува да се намалат каматите на кредитите.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 789 пати.