Бизнис вести

Промоција на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ

Агенција „Марили“ на 07.12.2016 г. во Хотел „Елса“ – Скопје, ќе го промовира МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ на жени менаџери. На промоцијата ќе биде промовирано и новото заштитно лого на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, и ќе се обрати Г-ѓа Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“ која ќе ја претстави визијата и мисијата на клубот. Ќе се одржи и предавање од областа на бизнис психолгијата под наслов „И во Македонија е возможно!“, а предавач ќе биде Г-ѓа Марина Анчевска, генерален менаџер на Центарот за бизнис психолгија - Скопје.

вторник, 06 декември 2016

Агенција „Марили“ на 07.12.2016 г. во Хотел „Елса“ – Скопје, ќе го промовира МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ на жени менаџери. На промоцијата ќе биде промовирано и новото заштитно лого на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, и ќе се обрати Г-ѓа Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“ која ќе ја претстави визијата и мисијата на клубот. Ќе се одржи и предавање од областа на бизнис психолгијата под наслов „И во Македонија е возможно!“, а предавач ќе биде Г-ѓа Марина Анчевска, генерален менаџер на Центарот за бизнис психолгија - Скопје. На настанот ќе присуствуваат околу 50 жени менаџери кои што учествуваа и на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“ која оваа година одбележа 20 годишен јубилеј, а ќе присуствуваат и други жени менаџери кои биле дел од изборите во изминатиот период но и дел од други проекти на агенцијата „Марили“ како што е хуманитарната донација насловена „Жените за жените“. Ќе бидат присутни и гости од министерството за економија и гости од економскиот оддел на Шведската амбасада и Германската амбасада во Р.М.
Со ова, агенција „Марили“ во континуитет ја продолжува и ја прави подлабока и подолгорочна соработката со жените менаџери кои што две децении во континуитет ги промовира низ својот проект „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија и од дијаспората“. Проектот промовираше 210 жени менаџери и претставуваше поддршка и пример за успешноста на жената во бизнисот. Истовремено, во последните 5 години пректот ги прошири своите активности преку бројни настани како што беа поддршката на домашното пороизводство и домашната креација во рамките на текстилната индустрија, преку модна ревија на домашен текстилен бренд, потоа, хуманитарна донација насловена „Жените за жените“, при која беше дониран апарат за пункција, рана детекција и лечење на карцином на дојка, на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје. Се работеше и на проектот „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ кој што е содржинско надополнување на манифестацијата. Преку едукации овој тематски ден е посветен на пошироката популација на жени, особено современите жени кои во динамиката на работниот ден мора да обрнат особено внимание на своето здравје, на негата и убавината. МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ е уште еден проект на агенција „Марили“ кој што во континуитет ќе ги поврзува сите жени менаџери кои што биле дел од изборите во минатиот период, со цел да имаат подобра комуникација и подобра деловна соработка, да разменуваат информации и искуства, да се едуцираат на современи теми од менаџментот за подобрување на нивните менаџерски вештини. Клубот истовремено ќе биде место каде што ќе може да ги промовираат своите идеи и иновации, да добијат поддршка, маркетинг и промоција, за што е поставена и посебна страница означена како „Бизнис клуб“ на порталот на агенција „Mарили“: www.marili.com.mk. Ќе се информираат како новините во својот бизнис полесно да ги претворат во практични искуства со помош на пристапните ИПА фондови, европските кредитни линии и сл. Во рамките на клубот ќе се прават и тематски работилници, за одредени проекти, а посебно место ќе завземаат хуманитарните проекти посветени на здравјето на жените, и за социјално ранливите категории на жени, како и за болните деца и децата без родителска грижа. Една од активностите на клубот ќе биде и вмрежување со останатите здруженија, организации и асоцијации на жени во бизнис сферата, со што ќе се работи на поширока платформа за подобрување на статусот на жената во оваа сфера, но и организирање на бизнис форуми и меѓународни конференции за продлабочување на соработката меѓу жените од бизнисот во регионот, во Европа и во светот.

 

 

 


 

Содржината е прочитана 1068 пати.