Култура

ДПМ го распиша конкурсот за годишните награди за литература

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2016 година.

вторник, 29 ноември 2016

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2016 година.

Од ДПМ соопштија дека ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите објавени во тековната година до ДПМ, како што се наведува, треба да бидат доставени до крајот на декември, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченост по повод 70-годишниот јубилеј од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградите ќе ги доделат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, критичари и есеисти, членови на ДПМ.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 419 пати.