Здравје/ Убавина

Концепт на самопочит

Убавината не е само здравје, а ниту здравјето е само убавина. Мудрите уште кажале, јади за да живееш, но немој да живееш за да јадеш. Здравиот човек има многу желби, а болниот само една – да оздрави. И уште многу мудрости за животот, за оној истиот кој секој од нас го живее но филозифијата на живеење сами ја креираме, рецепт нема.

петок, 25 ноември 2016

Убавината не е само здравје, а ниту здравјето е само убавина. Мудрите уште кажале, јади за да живееш, но немој да живееш за да јадеш. Здравиот човек има многу желби, а болниот само една – да оздрави. И уште многу мудрости за животот, за оној истиот кој секој од нас го живее но филозифијата на живеење сами ја креираме, рецепт нема. Има пристап за здраво, хармонично, исполнето, среќно, реализирано живеење и тоа не е само храната. Таа е одраз на нашето материјално постоење. И каква е содржината, структурата, количината и квалитетот е само дел од она што е здравје, а со него и убавина. И за ова сме свесни и можеби одговорни. Она што го гледаме и што можеме да го допреме и вкусиме.

Едновремено ги живееме и структурата, видот и обемот на мисли и процеси кои се одвиваат во умот. Доколку е насочен да забележува убави нешта, мислата да биде конструктивна, позитивна, да запре кога треба и умот да остане мирен, и тоа е здравје и ја одразува убавината на дициплината и отвореноста на умот. Ова го забележуваме како процес, но не му обрнуваме доволно внимание и значење во концептот на здраво живеење.

Она што најмалку го забележуваме и сосема малку внимание посветуваме е енергетскиот потенцијал кој го носиме. Тоа е она „нешто“ што не прави задоволни, мирни, игриви, среќни или пак вознемирени од „ништо“ или пак не знаеме и самите од што. И ова е дел од здравјето. Нашиот енергетски потенцијал, нашето присуство на овој свет има свое единствено ниво на вибрација. Кое е доминантното доживување, тоа е и доминантната енергија. Енергетскиот потенцијал и силата на нејзината циркулација зависи од претходните два фактори (начинот на исхраната и начинот на мислење), но и од други фактори. Сепак Енергетскиот потенцијал е значаен дел за живеење во здравје и убавина.

Концептот на самопочит е да се почитуваат сите сегменти од севкупноста на живеење во здравје и убавина, а кое се одвива едновремено во секој од нас – независно дали сме свесни за тоа или не.

Холистички едукативен институт
Мр. Жаклина Димовска
 

Содржината е прочитана 473 пати.