Интервјуа

Интервју со г. Горан Димитров, доцент доктор на Клиниката за гинекологија и акушерство и претседател на Здружението за ХПВ на Р.Македонија

Во рамките на активностите за зачувување на здравјето на жената од Здружението на гинеколозите на Р. Македонија и Здружението за ХПВ на Р. Македонија, на 2 декември 2016 година ќе се организира конференција во Скопје заедно со Здружението на гинеколози и акушери на Србија. Ќе присуствуваат седум предавачи од Србија, седум предавачи од Македонија и двајца предавачи од Шведска. Ќе бидат застапени теми од перинатологијата, инфертилтетот-стерилитетот кај жената, урогинекологијата и онкогинекологијата. Истовремено, со желба да се направи нешто повеќе за здравјето на жената и превенција на ракот на грлото на матката, ќе бидат донирани два микроскопа „Gunocular“ од Др. Елизабет Виктстром Шемер, која е пронаоѓач и основач на фирмата „Gynius“ од Шведска а доаѓа на покана на нашата сонародничка Др. Лилјана Кочоска-Мараш, која живее и работи во Шведска. Микроскопите се меѓународно признаени и можат да се носат лесно со мобилен тим на гинеколози во сите подрачја на Република Македонија, каде ќе се прават прегледи на грлото на матката и ќе се подигне нивото на превенција од ракот на грлото на матката.

петок, 25 ноември 2016

МАРИЛИ: Доктор Димитров, на 2 декември годинава Здружението за ХПВ на Р.Македонија, чиј претседател сте Вие, со Здружението на гинеколози и акушери на Македонија организирарегионална конференција. Што ќе биде главна тема на конференцијата и дали ќе присуствуваат стручњаци од регионот и од Европа?
ДИМИТРОВ
:Всушност, состанокот го организираме заедно со Здружението на гинеколози и акушери на Србија и ќе присуствуваатседум предавачи од Србија, седум предавачи од Македонија и двајца предавачи од Шведска. Ќе бидат застапени теми од перинатологијата, инфертилтетот-стерилитетот кај жената, урогинекологијата и онкогинекологијата.

МАРИЛИ: На конференцијата свои стручни излагања ќе имаат и д-р Лилјана Мараш и д-р Елизабет Викстром Шемер кои доаѓаат од Шведска.На кои теми ќе се однесуваат нивните предавања? Значајно е да се истакне дека д-р Елизабет Викстром Шемер ќе донира и два колпосокопа од марката „Gynocular“, апаратшто таа го создаде сосвојот сопруги со кој се спасени многу животи на жени на азискиот континент. Кажете ни за каков апарат станува збор и колку тој ќе помогне во превенцијата од промени што ги предизвикува вирусот ХПВ и во претканцерогените состојби на грлото на матката?
ДИМИТРОВ
: Тоа е супермодеренколпоскопод најновата генерација,го одобри Бирото за храна и лекови на САД,а одобрен е за употреба и во Европската Унија. Во овој колпоскопе обединета модерната технологија, како што е правење фотографии (колпограми) и нивно складирање во електронска база на податоци. Овие податоци може да им бидат достапни на повеќе доктори (со шифра).Со овој апарат може да се забележатпретканцерогените промени што се гледаат по обработката на грлото на матката со оцетна киселина и со јоден раствор. На тој начин се дијагностицираат стадиуми што може да бидат излекуваниприближно до 100%.

МАРИЛИ: Колку долго трае соработката со д-р Лилјана Мараш, која е од нашите простори, асега работи и живее во Шведска? Таа одржа предавање и на тематскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“што го организираше агенцијата „Марили“ во март оваа година.Сметате ли дека ваквите едукации се особено значајни за женската популација?
ДИМИТРОВ: 
Со д-р Лилјана Кочовска Мараш се познавам од студентските денови и може да кажам дека се восхитувам на нејзиниот подем во кариерата. По завршувањето на Медицинскиот факултет во Скопје таа специјализираше гинекологија и акушерство и стана доктор на науки на Универзитетот „Каролинска“ во Шведска, кој се вбројува во најдобрите медицински институции во светот. Според моето мислење, нејзиното предавањена тематскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“, кој се одржа во март 2016 година,бешесоодветно за нашата женска популација бидејќи на експертски, но едноставен начин ги наведе проблемите и обврските што треба да ги почитуваат жените за да може да го зачуваат своето здравје, особено во однос на редовните прегледи, правењетона тестовитеПАП и ХПВ.

МАРИЛИ: Во 2009 година Република Македонија воведе имунизација против вирусот ХПВ и тогаш беше лидер на Балканот во тој поглед. Какви се денес состојбите и дали се подигна свеста за потребата од вакцина против ХПВ?
ДИМИТРОВ:
Во 2009 година вакцината против ХПВ беше внесена во редовниот календар за имунизација и, според препораките на голем број меѓународни организации, меѓу кои и СЗО и многу други стручни организации, вакцинацијата се спроведуваше кај 12-годишни девојчиња. На почетокот покриеноста со вакцинирање достигназначајни65%-67%. Во текот на наредните години имаше намалувања што беа поврзани со светската финансиска криза, како и со голем број таканаречени ненаучни антивакцинални групи што остроработеа на контрапропагандатаза оваа вакцина. Меѓутоа, со текот на времето покриеноста постигна задоволителен процент. Според препораките на сите светски стручни организации, во минатата година покриеноста со две дози вакцина (така е препорачано, а не со три дози) изнесува повеќе од 50%. Сепак, со нашите предавања, со нашите укажувања народителите, очекуваме тој процент да се зголемува во текот на наредните години.

МАРИЛИ: Доминира мислењето дека вакцината против ХПВ е наменета за млади жени, но од медицински аспект се препорачува и за момчиња од девет до 15 години. Зошто е потребна оваа превентива?
ДИМИТРОВ:
Од минатата година Бирото за лекови на САД, како и голем број други светски организации донесоа препораки да се вакцинираат и момчиња на 14-годишна возраст. За тоа сè уште не е донесена одлука, но работиме и на препораките да се вакцинираат и момчињата. Научно тоа се објаснува со таканаречениот имунитет ХЕРД. Едноставно објаснето, тоа претставувазголемен имунитетот против одредена болест што се јавува кај една популација и затоа е препорачливо да се вакцинираат колку што е можно поголем број од единките што ја пренесуваат таа болест. Станува збор за сексуално пренослива болест, а научно е докажано дека вакцинирањето против ХПВ кај момчињата овозможува да се намали бројот на сите болести што се предизвикани од ХПВ, но не само кај машкиот дел од популацијата туку соодветно и кај женскиот.

МАРИЛИ: Која е Вашата порака до младата популација, но и до образовниот систем со цел да се постигне поголема едукација за вирусот ХПВ и превенција од заболување од него?
ДИМИТРОВ:
Според светските препораки, еден од најглавните совети е секоја млада жена, најмалку една година откако ќе почне со сексуалните односи, да направи гинеколошки преглед. Ако докторот смета дека е потребно, тогаш треба да се земе примерок за да се направат тестови ПАП или ХПВ. Меѓутоа, според новите препораки, популацијата од 25 до 65 години треба натри години да прави тестирање ХПВ или барем еден тест ПАП во текот на тие три години. Со тоамногу ќе се намали појавата на инвазивни форми на рак на грлото на матката.
 

Содржината е прочитана 1125 пати.