Култура

Во Штип отворена изложба на дела од Меѓународната Струмичка ликовна колонија

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип се изложени делата од 53-та Меѓународна ликовна колонија-Струмица.

четврток, 24 ноември 2016

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип се изложени делата од 53-та Меѓународна ликовна колонија-Струмица.
Директорот на Центарот за култура „Антон Панов“-Струмица, Иван Јовев вели дека штипјани во наредните денови можат да ги видат сликите на 21 ликовен уметник од земјава и странство, кои учествувале во една од најстарите ликовни колонии во земјава и на Балканот.

- На колонијата беа создадени над 60 дела, од кои на изложбата претставени се 28 работени во најразлични техники. Карактеристично за Струмичката ликовна колонија е тоа што им е дадена слободата на уметниците да творат со сите можни техники за творење на едно уметничко дело, вели Јовев.

Тој истакна дека ова е можност и студентите од Академијата за ликовна уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип да ги видат делата од Меѓународната Струмичка ликовна колонија.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 365 пати.