Култура

Изложба „Иванки“ со активности од празникот Иванден во Ресен

Во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп, а во соработка со Завод и музеј – Битола вечер во Спомен-куќата на Татарчеви во Ресен ќе биде отворена изложбата „Иванки“ од авторите Мери Стојанова и Ели Луческа.

понеделник, 14 ноември 2016

Во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп, а во соработка со Завод и музеј – Битола вечер во Спомен-куќата на Татарчеви во Ресен ќе биде отворена изложбата „Иванки“ од авторите Мери Стојанова и Ели Луческа.

На изложбата ќе бидат претставени дел од активностите реализирани во рамките на проектот за ревитализација и популаризација на празникот „Иванка“, согласно со Националната стратегија за развој на културата 2013-2017.

Празникот Иванден во преспанскиот крај има карактеристични обичи единствени од ваков тип во Македонија. Од оваа година е прогласен за нематеријално, духовно и културно наследство на национално ниво со режим на заштита од прв степен, во категоријата особено, а поткатегорија исклучително значење.

Дел од активностите при реализација на проектот беа поддржани од Општина Ресен, а изложбата е финансирана од Министерството за култура.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 374 пати.