Бизнис вести

Би-МЕК со престижна награда за проектот “Посветени на мајчино млеко- поддршка за мајките кои дојат

Би-МЕК ДОО, медицинска и биотехнолошка компанија е добитник на статуетка, престижна национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските компании.

четврток, 10 ноември 2016

Би-МЕК ДОО, медицинска и биотехнолошка компанија е добитник на статуетка,престижна национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските компании, која деветта година по ред ја организира Министерствотоза економија и Националното координативно тело за општествена одговорност напретпријатијата.
Проектот “Посветени на мајчино млеко-поддршка за мајките кои дојат” за кој Би-МЕК беше прво награден во категоријата “Односи на пазарот” ја одразува определбата на компанијата за унапредување и придонес кон добросостојбата назаедницата и има за цел да ја подигне свесноста за придобивките од доењето, какои да влијае за зголемување на процентот на доени бебиња.

Би-МЕК ова специјално признание, односно плакета за општествена одговорност ја смета како дополнителен поттик за понатамошни активности и општествено одговорно делување во сите области на своето работење. Се заблагодаруваме на сите институции и соработници кои допринесоа за успешноста на проектот и се надеваме дека и во иднина ќе бидеме поддршка за мајките кои дојат. Годинаа беа пријавени 38 проекти, а наградите во вид на статуетки ги додели министерот за економија Дритон Кучи.
 

Содржината е прочитана 636 пати.