Култура

Монографија за сликарството на Ниче Василев

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовирана Монографијата за сликарството на Ниче Василев, издание на Остен.

среда, 09 ноември 2016

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовирана Монографијата за сликарството на Ниче Василев, издание на Остен.

За цртежите, сликите и графиките на авторот предговор напиша познатиот писател Ефтим Клетников.
По повод промоцијата на Монографијата, на промоцијата сликарот ќе се претстави со дваесет пастели и цртежи создадени во изминативе неколку години.

Покрај авторот на предговорот на монографијата, за делото на Василев ќе говори и Георги Барбаровски.

Ниче Василев (Дабиле, 1948) училиште за применета уметност завршил во Скопје, а дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Варшава. Учествувал на повеќе групни изложби, а самостојно се претставил во Струмица, Штип, Скопје, Велес, Варшава, Крањ, Груец, Софија и Атина.

(Преземено од МИА)


 

Содржината е прочитана 383 пати.