Бизнис вести

Презентација на можности за развој на компаниите преку програмата Еразмус плус

Сојузот на стопански комoри на Македонија во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе презентира можности за развој на компаниите преку програмата „Еразмус плус 2014-2020“.

вторник, 08 ноември 2016

Сојузот на стопански комoри на Македонија во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе презентира можности за развој на компаниите преку програмата „Еразмус плус 2014-2020“.

Ќе бидат презентирани можностите кои ги нудат ЕУ иницијативите Еуропас, Евридика, еТвининг, Еурогајденс, Еуродеск и ЕКВЕТ, како и Националната агенција за развој на бизнис-заедницата.

Најавени се обраќања на оперативниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, Александар Зарков, и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Дарко Димитров.

(Преземено од МИА)

 

Содржината е прочитана 354 пати.